Недела е ден за зоолошка: Нов авантуристички адреналински парк

Недела, 05 Јули 2020 10:00

Скопската Зоолошка градина добива авантуристички адреналински парк. Авантура паркот е донација од Агенцијата за млади и спорт, со цел рекреација, спортување и забава за деца од 5 до 12 години.

„Авантура паркот ќе биде налик познатите европски авантуристички паркови за најмладите и ќе се простира на површина од 2000 м2, со безбедни реквизити за користење. Наскоро започнуваат подготовките во Ботаничката градина на Скопје ЗОО, а користењето на Авантура паркот ќе биде бесплатно за сите деца“, велат од ЗОО Скопје. 

Друга новина која не радува е новото катче за фотографирање изработено со многу љубов од уметничката Данче Ефтимова. Од овој викенд посетителите ќе имаат одлична можност за правење интересни и уникатни фотографии. Подгответе ги мобилните и фото апаратите и направете си кул фотографија за паметење.

Зоолошка градина Скопје

Денес Зоолошката е лоцирана на површина од 12 хектари, и располага со колекција од 503 животни од 96 видови (цицачи, птици, влекачи). Располага со економски дел, работилница, ветеринарна амбуланта, забавен парк за деца, едукативен центар.  

Ве потсетуваме дека секој жител на Зоолошката има свое мени, а исхраната е составена само од висококвалитетна храна богата со витамини, минерали, протеини. Храната која ја фрлаат посетителите штетно влијае на здравјето на овие животни. 

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 20:20 - Остави го нека пат