Од вчера во 20 часот кога настапи полицискиот час престанаа со работа и угостителските објекти и тоа во период од две недели. Тие ќе можат да работат на пултови и да служат храна за носење.
Најголем дел од угостителите денеска ги одјавија работниците. Велат во овој момент се е неизвесно, не знаат дали забраната за работа ќе важи само две недели или повеќе. Немаат финансиска сила да исплаќаат плата во услови кога не работат, а ни владината помош од петтиот пакет за февруари се уште не им е исплатена.
Угостителите велат дека тие се најголемите губитници за време на оваа една година. Поддршка добиваат со прекини. И веќе не бараат таков тип на помош. Бараат Владата да им овозможи исти услови како во другите земји кои исто така го затворија овој сектор.