Одбројувањето може да започне, кината Синеплекс повторно ќе ја пречекаат публиката во нивните сали во Скопје. По скоро шест месеци, најголемата кино-поставка ќе започне со работа, во согласност со општите безбедносни мерки што ги има објавено кризниот штаб за заштита на здравјето на населението.
Согласно одлуката на Владата, киното Cineplexx ќе работи според објавените протоколи. Од киното замолуваат за почитување на протоколите, да бидеме одговорни спрема себеси и останатите посетители.