Совети од Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да ја совладате анксиозноста

Понеделник, 11 Јануари 2021 10:00

Најпознатиот психолог, Зигмунд Фројд, таткото на психоанализата, целиот живот го поминал во проучување на човековата душа и пронаоѓање начин како да им помогне на луѓето да се излечат од емотивните рани и товарот.

Неговото дело продолжило да живее со децении по неговата смрт, па денес составивме листа на подароци кои Фројд ни ги оставил.

Фројд

„Мистеријата на човечката душа лежи во психичките трауми од детството. Кога ќе стигнете до нивната суштина, ќе следи вашето излекување.“

„Личноста заздравува при ослободување на својата сексуалност.“

„Единствената личност со која треба да се споредувате сте вие во минатото. И единствената личност што треба да биде подобра сте вие сега.“

„Не барајте сила и доверба однадвор, туку барајте ги во себе. Тие отсекогаш биле таму.“

„Анксиозноста е клопче на многу проблеми – кога ќе ја решите загатката на анксиозноста, ќе ја разберете целата ментална состојба на една личност.“

„Нервозата е неможност да се толерира неизвесноста.“

„Во љубовните односи не можете да се поштедите еден со друг, тоа може да доведе само до отуѓување. Ако постојат препреки, треба да се надминат заеднички.“

„Неизразените чувства никогаш не умираат. Тие се закопани живи и ќе избијат подоцна, на погрд начин.“

„Ништо не е случајно, сѐ има свој корен.“

„Она што го нарекуваме среќа се случува како резултат на (веројатно непредвидено) задоволување на наталожените потреби.“

„Човек кој многу ја сакал својата мајка, цел живот носи чувство на победник, што често доаѓа до вистински успех.“

„Сонот никогаш не се занимава со ситници, свеста не дозволува нешто неважно да нѐ вознемирува во сон. Навидум невините соништа не се толку наивни, ако се впуштите во нивно толкување.“

„Депресијата е замрзнат страв.“

„Колку е храбар и самоуверен оној што е убеден дека е сакан.“

„Луѓето сметаат дека реалноста е незадоволителна и затоа живеат во свет на фантазија замислувајќи се себеси како ги исполнуваат своите желби. Силните личности ги претвораат овие желби во реалност. Останатите продолжуваат да живеат во замислениот свет и нивните фантазии се симптом на разни заболувања.“

„Да се биде потполно искрен со себе е најдобрата ментална вежба.“

„Само вистинското разбирање на соништата од детството може да ви донесе вистинска среќа.“

„Однесувањето на човечкото суштество во поглед на сексуалните прашања често е прототип за сите други начини на кои реагира на животот.“

„Еден ден, погледнато наназад, годините на мака и борба ќе ви изгледаат како најпрекрасните години.“

„Повеќето луѓе не ја сакаат слободата навистина, бидејќи слободата подразбира и одговорност, а повеќето луѓе се плашат од одговорноста.“

„Од твоите ранливости ќе дојде твојата сила.“

„Времето поминато со мачките никогаш не е залудно.“

„Никогаш не сме побеспомошни кон страдањето како кога сакаме.“