Можеби токму денес се борите со самите себе да најдете мотивација за извршување и на најмалите задачи. Немате желба да се држите ни до секојденвната рутина и едноставно ве обзема чуство кое ви вели да се откажете. Можеби не чувствувате дека имате добри идеи и доволно време да ги претворите добрите идеи во одлични. Едноставно ја немате потребната енергија.
Истражувањата покажуваат дека конзистентноста е карактеристика што е најтесно поврзана со успехот. Без разлика на тоа колку напор вложувате, затоа што секој од нас не може да даде 100% од самиот себе секој ден, потребно е да бидете конзистентни. Овие 5 корисни потсетници може да ги имате на ум токму во моментите кога чувствувате дека сакате да се откажете:
Вашиот ум е машина за предлози
Гледајте на секоја мисла што ја имате како предлог, а не како наредба. Во моментов, можеби вашиот ум сугерира да се чувствувате уморно, предлага да се откажете или предлага да тргнете по полесниот пат.
Сепак, ако застанете за момент, многу лесно можете да открете нови предлози. Вашиот ум исто така може да сугерира дека ќе се чувствувате многу подобро откако ќе ја завршите оваа работа. Сугерира дека многу повеќе ќе го почитувате идентитетот што ќе го изградите кога ќе се држите до распоредот. Сугерира и дека имате сила и можност да ја завршите оваа задача, дури и кога не ви се допаѓа.
Запомнете, ни еден од овие предлози не е наредба. Тие се само опции. Имаме моќ да избереме која опција ќе ја следиме!
Нелагодноста е привремена
Во однос на времето кое го имате во вашиот ден или недела, скоро секоја навика што ја извршувате е многу побрзо завршена од тоа што мислите. Вашиот тренинг ќе заврши за еден час или два. Вашиот извештај ќе биде внесен до утре наутро. Испитот трае само неколку часа и после сте слободни.
Животот е навистина многу полесен сега отколку што бил порано. Пред 300 години, ако не си ја уловиш своја храна и не ја изградиш својата куќа, нема лесно да преживееш. Денес сé ни е на дофат, информациите стигунваат до нас за помалку од секунда, секоја дестинација ни е достапна и буквално за сé имаме олеснителни околности, што значи времето е навистина релативно. Потребно е да одржуваме една перспектива. Вашиот живот е добар, а непријатноста и нелагодноста се привремени. Влезете во тој краток момент на непријатност и оставете го да ве зајакне со цел нареден пат многу полесно да го пребродите.
Никогаш нема да жалите за добро сработената работа штом ќе ја направите
Теодор Рузвелт славно изјавил: „Далеку најдобрата награда што ја нуди животот е шансата да работиме напорно на работа што вреди да се направи“. Толку често се чини дека сакаме да работиме лесни работи кои не бараат премногу труд од нас. Сакаме нашата работа да биде корисна и почитувана, но не сакаме да се измачуваме преку нашата работа.
Сакаме стомакот да ни биде рамен и рацете да ни бидат силни, но не сакаме да се заморуваме на тренинг. Едноставно, го сакаме конечниот резултат, но не и неуспешните обиди што му претходат.
Секој може да посака златен медал - малкумина сакаат да тренираат како олимпиец.
А сепак, и покрај нашиот отпор кон тешката работа, никогаш никој не се почувствувал полошо по завршената напорна работа. Има денови кога е навистина тешко да започнете, но секогаш вреди да се заврши и она најтешкто. Понекогаш, едноставниот чин на покажување волја да ја завршите работата, дури и на просечен начин, е победа која вреди да се слави.
Тоа е составен дел од животот
Животот претставува еден постојан баланс помеѓу леснотијата на одвлекување на вниманието или надминување на болката на дисциплината. Не е претерување ако се каже дека нашите животи и идентитети се дефинирани во оваа деликатна рамнотежа. Што е животот, ако не збир од дневни битки и ситни одлуки кои или ќе ги спроведете и завршите или ќе се откажете од нив?
Оној моментот кога не ви се допаѓа работата што ја работите или немате сила да ја завршите, не е момент кој треба да се отфрли. Тој момент е составен дел од вашиот живот исто како и секој друг момент. Поминете го на начин што ќе ве направи горди!
Опуштете се, секогаш има подобро утре
Па, што да направиме кога ќе се почувствуваме како да сакаме да се откажеме? – Не се откажувате! Дали работите во вашето најдобро издание? – Не секогаш! Но, вашата задача не е да си судите колку сте добри или колку сте лоши. Вашата задача е да ја завршите работата која ви претстои и да си дозволите простор за грешка, но и мотивација за подобро утре, поголема енергија и поголема креативност.