Бидете благодарни - тоа е првиот чекор кон среќен живот

Вторник, 07 Јули 2020 21:45

Сончев ден, добар филм, инспиративна книга, песна која едноставно ве тера да танцувате, легнување на чиста постелнина, насмевка на сосед во разминување. Благодарноста треба да се практикува и на работи кои луѓето ги земаат здраво за готово.

„Дозволете си да бидете благодарни на луѓето кои ве прават среќни затоа што тие се прекрасни градинари кои ја поттикнуваат нашата душа да цвета“, напиша познатиот францускиот писател Марсел Пруст.

И навистина, психолозите сметаат дека благодарноста е една од најлесните и најубавите патеки до среќата. И покрај тешките периоди, секогаш има многу работи за кои треба да им се заблагодариме.

Среќата за секој е различна, различно ја мери, и различно ја доживува. Нема едно универзално правило или начин како да се биде среќен. Веројатно повеќето луѓе не се ни свесни колку се среќни, за местото што може да го наречат свој дом, можат да си дозволат оброк и не се гладни, а пред сѐ што се живи и здрави.

Како што рекол Достоевски: „Човек со задоволство ги брои своите проблеми, но не и неговите радости. Да ги брои како што треба, ќе види дека на сите им е дадено да бидат среќни“. И навистина е така. Зар нема да му веруваме на Достоевски?

Среќата е чувство кое го поседува секој човек, но понекогаш поединецот не е свесен за среќата која ја има. Среќата може да биде различна. Вистинските господари на благодарност знаат да ја видат светлата страна во работи кои ги прават другите несреќни и фрустрирани. Додека чекаат во ред да ги платат сметките, едни би биле нетрпеливи за `бесцелно` минатото време, додека луѓето какви што сакаме да бидеме се чувствуваат благодарни што имаат доволно пари да ги покријат сите месечни давачки, но и дека уживаат во придобивките од електрична енергија и вода што не им беше непозната на нивните предци. Едноставно, би рекле дека се е во главата, и во тоа како размислува еден човек. Начинот на кој гледате на себе и во вашиот свет се свесни одлуки и навики. Односно дали ќе го погледнете светот преку розови или црни очила е целосно ваш избор.

Ако прекумерното анализирање ве спречи да направите нешто, вашата среќа ќе пропадне. Да се преземе нешто во свои раце не е секогаш лесно, може да биде страшно, но ако не правите ништо, многу пропуштате. Најголемата несреќа освен да правиш нешто што не го сакаш, е веројатно да не правиш нешто. Монотонијата, стагнацијата, чувството на невредност, чувство дека никако не придонесувате во ништо, сето тоа буди едно константно длабоко чувство на незадоволство од самиот себеси кај секој човек. Човекот има потреба да се чувствува корисен. Копнежот за материјални работи го прави човекот фрустриран и несреќен. Желбите што не се вистински ваши, туку само сакаат да ги импресионираат другите, исто така, треба да бидат одбиени.

Почнете уште денес.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Понеделник - 17:17 - Сака твоја другарка