„Анксиозноста не е болест, туку состојба“: Познат фитнес модел отворено зборува за својата борба

Сабота, 05 Декември 2020 20:30

Данскиот супермодел и ангел на Викторија сикрет, Нина Агдал, e една од најбараните дами на модните писти. Русокосата убавица е дел од календарот на Sports Illustrated за 2016-та година, и е поранешна девојка на еден од најголемите и најпосакуваните холивудски ергени, Леонардо ди Каприо. Судејќи според професионалните успеси и тоа како изгледа, се чини живее совршен живот без секојдневните проблеми со кои се соочуваат повеќето луѓе.

Нина Агдал

Уморна од таквите предрасуди, одлучи да сподели со своите 1,6 милиони следбеници со какви проблеми се соочува долги години. Во видео кое го објави на својот Инстаграм профил, говори за својата анксиозност, панични напади и прихотерапијата која ја посетува.

„Ми требаа неколку години да си признаам дека имам проблем. Најмногу бидејќи сите постојано ми велеа ”Сè имаш, ништо не ти фали”. Таа реченица е најлошото нешто што можете да му ја кажете на човек кој се бори со анксиозност – запаметете го тоа“, вели Нина нагласувајќи дека не е себично да се грижите за самите себе.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nina Agdal (@ninaagdal)

Социјалната анксиозност и донела безброј тешки ситуации, особено во професијата со која се занимава, бидејќи е јавна и постојано изложена на критики од другите луѓе.

Она што го гледаме:

Нина Агдал

Реалноста:

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nina Agdal (@ninaagdal)

Социјалните мрежи често ги користи да ги сподели своите техники за справување со анксиозноста, но и како апел за подигнување на свеста за важноста на менталното здравје.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Nina Agdal (@ninaagdal)

„Една од главните причини поради која јавно проговорев на оваа тема е да им помогнам на сите други што се чувствуваат исто. Од кога јавно проговорев на мојот Инста профил толку многу луѓе ми се обратија што бев вчудоневидена. Според мене секој треба да посетува психолог“, советува Нина.

Нина Агдал

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Понеделник - 10:10 - Се сакате двајцата