Анксиозност - состојба на модерното време

Вторник, 14 Јули 2020 21:00

Голем број лица различно ја дефинираат анксиозноста, меѓутоа главно е чувството кое предизвикува страв, го доживуваме како опасност или се чувствуваме нервозни, несигурни и загрижени околу очекувањето дека нешто може да тргне наопаку, со еден збор може да се нарече анксиозност. Постојано кроење песимистички и црни сценарија дури и од најубави и највесели моменти.

Анксиозност

Секој од нас во одреден момент од животот чувствува анксиозност. Тоа може да е поради чувство на немање контрола над одредена ситуација, кога од нас се бара да донесеме некаква одлука, кога ни претстои голема животна промена, мора да се претставиме себе си на поинаков начин или кога сме доживеале некакво непријатно искуство кое резултирало со траума. Пример загриженост како би се снашле во новата работна средина. Како ќе не прифатат новите колеги, дали ќе се вклопиме во околината, дали ќе добиеме чувство на припадност без кое секоја единка чувствува несигурност, дали надредениот ќе биде задоволен, па што ако добиеме отказ, што ќе каже околината, дали ќе не смета за помалку паметни, помалку способни, помалку вредни, итн. итн. и се така прашања во недоглед сите со една заедничка црта и особина - негативно размислување кое води до страв кој води до стрес кој води до панични напади кои водат до неможност на нормално функционирање во секојдневниот живот. Магичен круг во кој НЕ сакате да бидете.

Анксиозност

Личноста која пати од анксиозност има постојано негативни размисли и е под константен стрес во очекување на нешто лошо да се случи. Анксиозноста создава голема вознемиреност која најчесто не може да се контролира со вообичаените обиди за смирување во други ситуации и околности. Во случај кога анксиозноста станува многу силна и сериозна, може да доведе до панични напади кои се карактеризираат со силен и изненаден страв, забрзано срцево отчукување, потење, вртоглавици, облевање ладна пот, чувство на гушење, ужасен страв од умирање, страв од полудување, страв од губење контрола итн. Многу нешта можат да бидат причина за анксиозност која бара психотераписки третман, а тоа вклучува и трауматско искуство, злоупотреба на супстанции и други сериозни медицински состојби.

Анксиозност

Некои анксиозни симптоми се:

  • постојано повторување на исти мисли кои секогаш завршуваат со негативен исход
  • пренагласени ирационални стравови
  • неможност за спиење бидејќи мозокот не сака да се исклучи
  • проблеми со дигестивниот систем
  • панични напади
Анксиозност

Анксиозноста може целосно да ги промени животните приоритети на човекот и да го оневозможи за вршење активности кои претходно ги вршел, искуства кои носеле радост веќе не будат интерес бидејќи окупираноста за иднината или опседнатоста со минатите искуства се прелева во секој сегмент од животот. Анксиозноста е како личност со која не сакате да имате ништо заедничко, а сепак е постојатно ваш верен придружник. Како да ја прати вашата сенка. Постојано ве следи, и ве критикува. Не ви дозволува да правите што сакате. Ви создава страв на жртва створена за неуспех. Личност полна со лаги на која и самите на знаете зошто слепо и верувате. Личност кому мора да го свртите грбот и да се збогувате засекогаш, што порано тоа подобро за вас и вашето здравје.

Анксиозност

Битно е чувството да знаете дека не сте сами. Со оваа состојба се соочуваат над 40 милиони луѓе ширум светот. Апсолутно не се препорачува земање разни седативи или средства за смирување самоволно, затоа што со неправилна употреба со тек на време го губат своето дејство и функционалност. И секако, алкохолот нема да помогне. Се препорачува дури и избегнување на кофеинска консумација. Ако почнуваат да ви пречат работи кои порано воопшто и не сте ги забележувале, како на пример звук од чукање по тастатура, или ви смета јака светлина, начинот на кој соговорникот ја соџвакува храната, како го пие кафето, и сето тоа трае континуирано во период од две до четири недели секојдневно, тогаш треба да побараме помош. Најпогодно е разговор со блиската околина, но доколку е потребно да се побара и стручна помош од терапевт, психолог, психијатар.

Анксиозност

Прифатете ги ризиците и предизвиците во животот. И покрај анксиозноста, вие може да имате убав, исполнет, квалитетен и мирен живот. Многу повеќе луѓе него што мислите страдаат од анксиозност, депресија и страв. И, многу од нив ќе сакаат да ви помогнат. Нема зошто да се плашите или срамите.

Анксиозност

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Понеделник - 10:10 - Се сакате двајцата