Познато е дека стресот и нервозата се болести на 21 век, кои земаат се поголем замав. Од тие причини не чуди што популарноста на медитацијата се зголеми во 50-тите години на минатиот век, земејќи предвид дека зборот „медитација“ потекнува од латинскиот meditari, што во различни контексти значи „размисли“, „ментално размислувај“, „развива идеи“. Затоа следен пат кога ќе почувствувате анксиозност, нервоза или вознемиреност, само посегнете по вашиот мобилен телефон, одберете некоја од нашите предлог апликации и смирете се.
#1
Апликацијата Headspace е компатибилна за iOS и Android, ги учи основите на медитацијата преку дневни 10-минутни сесии. Поддржана е од научни студии и е една од најпопуларните апликации од овој тип.
#2
Апликацијата Calm за iOS и Android вклучува и слободни и водени сесии за медитација и повеќедневни курсеви на различни нивоа на претплата, по бесплатното преземање. Со над 700.000 позитивни критики, таа е уште еден популарен избор за почетници во медитација.
#3
Исто така добра за почетници, апликацијата Mindfulness започнува со 5-дневен вовед во самосвест, заедно со водени медитации, временски сесии и индивидуални медитации.
#4
Stop, Breathe & Think е iOS/Android апликација која обезбедува основни бесплатни медитации покрај две нивоа на претплата. Со над 55 медитации, прилагодливи опции, алатки за следење на дишењето и напредокот и информативни видеа, оваа апликација навистина има што да понуди. Притоа, има голем број позитивни критики.
#5
Ten Percent Happier ветува дека ќе го одржи своето име – Десет проценти посреќни, нудејќи над 500 водени медитации, вклучително и кратки медитации кои лесно се вклопуваат во напорниот распоред на секоја индивидуа. Апликацијата нуди медитации за спиење, алатки за следење на напредокот, лични тренинзи, алатки за градење секојдневни навики и многу повеќе.
#6
Mindfulness Coach апликацијата е развиена од Министерството за работи на ветерани на САД. Популарната, бесплатна апликација за iOS учи на внимателност со цел за - намалување на стресот, подобрување на емоционалната рамнотежа, зголемување на самосвеста, помагање при анксиозност и депресија и поефикасно справување со хроничната болка.
#7
iOS и Android апликацијата Relax Melodies е апликација што ви нуди музика за да практикувате самосвест и медитација. Бидејќи нема водени медитации, оваа апликација е најдобра за оние кои веќе знаат да медитираат или кои сакаат да го направат тоа сами.
#8
Insight Timer е бесплатна апликација за iOS и Android наменета за поискусни медитатори, нудејќи тајмери за сесии со нежни звуци за известување, како тибетски чинии, амбиентална музика и звуци, како и некои водени медитации.
#9
Тврдејќи дека е „најсаканата апликација за самосвест во светот“, Аura нуди многу исти услуги како и другите апликации - водени медитации, трагачи на напредок, помош за спиење – сe разликува од останатите по тоа што ви се потребни само три минути од вашиот ден.