Зошто не треба да го занемариме чувството на глад

Недела, 25 Октомври 2020 13:00

Гладот може да биде одличен знак дека метаболизмот и вашето тело работат како што треба. Сепак, иако е природно, гладот ​​не треба да биде единствениот сигнал дека е време да јадете. Ако јадете само тогаш кога имате многу малку `гориво`, последиците можат да бидат полоши од тоа што мислите.

Гладот доведува до прејадување

Исхрана

Луѓето кои прескокнуваат оброци или јадат нередовно, честопати се прејадуваат за да го надополнат чувството на заситеност. На човечкото тело му е потребна стабилна исхрана на секои 3-4 часа за да се избегне забавување на метаболизмот, пад на енергијата и нервоза. Колку подолго останувате без храна, се намалува нивото на шеќер во крвта, што резултира со потреба од поголемо количество на шеќер во храната.

Изгладнувањето ​не помага во слабеењето

Исхрана

Многу луѓе мислат дека ако гладуваат, тие слабеат. Но, во реалноста, ако вашата дневна исхрана ве остава да гладувате, нема да се држите до овој режим многу долго. Внесувањето многу малку калории предизвикува еден вид итен аларм во вашето тело, предизвикувајќи тоа да складира маснотии и да согорува уште помалку калории. Вашето тело мисли дека треба да се заштити себеси и да зачува калории за да преживее.

Помала е веројатноста да направите здрав избор за храна

Исхрана

Познатата реклама на Сникерс многу мудро вели „Вие не сте вие ​​кога сте гладни“, па, кога сте гладни најверојатно ќе посегнете по нешто како чоколадо отколку некој поздрав избор кој ќе ви го потхрани телото во целост. Кога паѓа нивото на шеќер во крвта, луѓето емоционално излегуваат надвор од контрола, па и за она што го внесуваат во своето тело. Тие најчесто ќе ја внесат првата храна на која ќе наидат, а за повеќето луѓе, ова се сведува на нездрави закуски преполни со шеќер. Генерално, ваквата диета не резултира во најхранлив и најдобар начин на живот.

Не сте секогаш во можност да препознаете глад

Исхрана

Постојат 2 хормона кои влијаат на регулацијата на гладот: грелин, кој го стимулира апетитот; и лептин, кој го потиснува. Кога не сте јаделе некое време, нивото на грелин се зголемува. И откако ќе јадете, лептинот му кажува на вашето тело дека е полно. Но, барометарот за глад не е секогаш точен. Понекогаш, особено откако телото било подложено на исцрпувачка диета, не сте навикнати да слушате што се обидува да ви каже вашето тело. Мозокот ги памети вашите дневни постапки и рутини и успева да го регулира чувството на глад ​​според животниот стил.

Гладот ​​е лош за вашето здравје

Исхрана

Влијанието на гладот врз телото долгорочно може да биде катастрофално, од влијание врз менталното здравје до зголемување на ризикот од хронични болести. Некои од симптомите кои го придружуваат гладот ​​се:

  • тешкотии при концентрација
  • чувство кое ве гризе во стомакот
  • слабост
  • вртоглавица
  • гадење и повраќање
  • раздразливост
  • главоболка
  • кркорење на стомакот
  • проблеми со спиењето

Како да го идентификувате вашиот глад?

Исхрана

Научниците идентификуваа 3 различни видови на глад: физички, психолошки и опортунистички. Физичкиот глад е нормален нагон за јадење кога немате доволно храна во стомакот. Обратно од тоа, психолошкиот глад е воден од емоции, и во суштина, тоа е желба за нешто друго, а не за храна. Тоа е желбата да се чувствувате подобро или посреќно или може да бидат други силни чувства што се манифестираат како глад.

Конечно, постои опортунистички глад. Гледате како храната стои пред вас, па многу лесно посегувате по неа. Нема никаква врска со вистинското чувство на глад, но храната е достапна, па зошто да не јадете. Сè на сè, важно е дека треба да бидете свесни  и да си кажете „Јас треба да го наполнам моето тело со енергија“ за да го нахраните правилно и да не дојдете до другата крајност т.е. прејадувањето.