За поубава кожа: 5 пијалаци кои го стимулираат производството на колаген во кожата

Среда, 07 Октомври 2020 12:00

Колагенот е најзастапен протеин во организмот и е неопходен за нашата кожа да остане млада и здрава. Колагенот го има во коските, кожата, мускулите, тетивите и лигаментите, а се наоѓа и во многу други делови на телото, вклучувајќи ги крвните садови, рожницата и забите.

Кожа колаген

Нашата кожа е мека, еластична и мазна кога содржи доволна количина на колаген, но по 30-тата година од животот се губи најмалку 1% од колаген годишно. Поради ова, многу е важно да и помогнеме на кожата да го стимулира производството на колаген, а ова може да се постигне само преку правилна исхрана.

Убавата и младешка кожа е клучна за зголемување на расположението и самодовербата, па затоа решивме да споделиме неколку од најдобрите природни пијалаци кои го стимулираат производството на колаген. Многу вкусно и ефикасно!

Смуди од гуава и јагода

Гуава е тропско овошје богато со цинк и витамин Ц кои помагаат при производството на колаген. Антиоксидантите во јагодите исто така помагаат во овој процес. За да го подготвите ова смуди, потребен ви е блендер во кој ќе ги ставите исечканите јагоди и гуавата, а додадете и малку млеко од бадем.

Смуди

Сок од црвено овошје и спанаќ 

Црвеното овошје е извор на витамин Ц, а исто така и пролин - аминокиселина важна за зголемување на колагенот во кожата. Спанаќот е богат со хлорофил, а според некои истражувања тој е исто така клучен за зголемувањето на колагенот во кожата. Како да го подготвите овој пијалак? Ставете чаша бобинки, неколку листови спанаќ и чаша сок од грејпфрут во блендер, а потоа, уживајте во вкусот!

Смуди

Смуди со банана, какао и бадем

Цинкот и бакарот се минерали кои ја поддржуваат способноста на организмот да произведува колаген. Бананата, какаото и бадемот ги содржат овие минерали, па затоа ова смуди е одличен пријател за вашата кожа. За да го направите ова смуди измешајте во блендер една банана, една лажица какао, неколку бадеми и половина чаша вода.

Смуди

Сок од портокал и манго

Цитрусите и тропските плодови се богати извори со витамин Ц, а тој игра важна улога во производството на проколаген, претходник на телото на колаген. Исцедете 4 портокали и измешајте ги заедно со манго.

Смуди

Сок од киви, ананас и кељ

Кивите и ананасот содржат големи количини на антиоксиданти, но со малку цинк кој ќе го добиете од кељот, ќе го имате еден од најдобрите пијалаци против стареењето на кожата. Како да го подготвите? Во блендер ставете излупено киви и две парчиња ананас, чаша кељ и капка сок од лимон.

Смуди