Вкусна запечена боранија во рерна го менува вашето мислење за овој зеленчук

Недела, 08 Ноември 2020 17:00

Иако варениот зеленчук е навистина богат со витамини и минерали, а сите знаеме колку може да бидат вкусни јадењата кога се убаво подготвени, сепак во варената боранија има нешто специфично што ги одбива повеќето луѓе. Но, фактот дека не ви се допаѓа во варена форма, не значи дека треба целосно да ја отстраните од вашето мени оваа здрава намирница. Само треба да го промените начинот на нејзината подготовка.

Запечена боранија

Денес подготвивме еден многу интересен рецепт кој засекогаш ќе го промени вашето мислење за боранијата. Уште повеќе, нема да можете да верувате колку може да биде различен и неспорно повкусен еден зеленчук подготвен на два различни начина.

Состојки:

  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • 4 лажици павлака
  • 1 кг боранија
  • ½ кг брокула
  • 150 гр кашкавал
  • маслиново масло
  • сол и црн пипер
  • магдонос

Подготовка:

Во тава со малку маслиново масло пржете ситно исечен кромид и лук. Додадете павлака и магдонос, и тргнете  од оган по неколку минути. Во длабок сад варете посолена боранија и брокула околу 10 минути. Садот за печење премачкајте го со маслиново масло и потоа истурете половина од зеленчукот. Преку зеленчукот истурете ги кромидот и павлаката, и повторете ја постапката. На крај одозгора додадете рендан кашкавал. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.

Пријатно јадење!