Слатка морков торта за љубителите на здрави десерти

Четврток, 19 Ноември 2020 20:30

Потребно време:

  • За подготовка: 35 мин
  • За готвење: 30 мин
  • Плус време за ладење
Морков тортаМорков торта

За 10-12 порции потребно е:

  • 230мл растително масло, плус дополнително за калапот
  • 100мл јогурт
  • 4 големи јајца
  • 1½ лажиче екстракт од ванила
  • ½ кора од портокал (изрендана)
  • 265гр брашно
  • 340гр мусковадо шеќер (или агава сируп)
  • 2½ лажиче мелен цимет
  • ¼ свежо морско оревче, ситно рендано
  • 265гр моркови (околу 3), рендани
  • 100гр суво грозје
  • 100гр ореви или пекани, грубо исецкани (по избор)
Морков тортаДобар апетит!

За глазура:

  • 100гр малку солен путер, омекнат
  • 300гр шеќер во прав
  • 100гр крем сирење
Морков тортаМорков торта

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C. Подмачкајте ги и обложете ги основата и страните на два калапи за торти од 20см со хартија за печење. Во бокал изматете ги маслото, јогуртот, јајцата, ванилата и кората од портокал. Измешајте го брашното, шеќерот, циметот и морското оревче и малку сол во еден сад. Исцедете ги сите грутки шеќер низ прстите, тресејќи го садот неколку пати за да ги извадите грутките на површината.
  2. Влажните состојки додадете ги во сувите, заедно со морковите, сувото грозје и половина од оревите, доколку сакате да ги искористите. Убаво измешајте да се соедини, па поделете ги помеѓу калапите.
  3. Печете 25-30 мин. или додека не извадите чиста чачкалица ставена во центарот на тортата. Ако некоја влажна смеса се држи на чачкалицата, вратете во рерна 5мин, а потоа проверете повторно. Оставете да се оладат калапите.
  4. За да направите глазура, изматете ги путерот и шеќерот заедно додека не се изедначат. Додадете половина крем сирење и повторно матете, па додајте го остатокот (додавањето малку по малку спречува да се раздели глазурата). Отстранете ги двата дела од тортата од калапите и спојте ги заедно со половина од глазурата. Одозгора ставете го преостанатиот дел од глазурата и декорирајте со останатите ореви. Се чува во фрижидер до пет дена. Најдобро се јаде на собна температура.
Морков тортаМорков торта

Добар апетит!