Шарени празнични колачиња со кои ќе ги разгалите најблиските

Недела, 13 Декември 2020 10:00

Во пресрет на многубројните празници, ви предлагаме рецепт за празнични колачи.

Многу се лесни за правење и многу вкусни. Можат да се направат за било која пригода и во различни форми.

Божиќни колачи

Потребни состојки:

  • 250 гр путер
  • 350 гр мед (доколку сте веган може маџун)
  • 450 гр интегрално брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 4 лажички цимет
  • 2 јајца
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Глазура за украсување:

  • 1 белка од јајце
  • лажичка сок од лимон
  • 125 гр шеќер во прав
  • прехрамбена боја
Божиќни колачи

Начин на подготовка:

Измешајте заедно брашно, прашок за пециво, кафеав шеќер, ванилин шеќер и цимет. Потоа додадете ги медот, јајцата и путерот, па месете со раце додека маргаринот не омекне и не се соедини во една смеса. Ставете го тестото во проѕирна фолија за хранa и ставете го во фрижидер најмалку 30 мин. да се зацврсти, а потоа растегнете го во дебелина од околу 5 мм. Користејќи ги калапите што ги сакате, сечете разни форми и наредете ги на плех покриен со хартија за печење.

Доколку сакате чоколадни колачиња, во тестото додадете малку какао или чоколадо во прав. Исто така доколку  сакате колачињата да ви бидат во различни бои, додадете во тестото боја за храна или некаква арома.

Печете 10 минути во загреана рерна на 180°C. Откако ќе се испечат оставете ги колачите целосно да се изладат, па започнете со декорирање.

За украсување, ако немате слаткарски шприц, може да искористите кесички за замрзнување во коишто ќе ја префрлите смесата за глазура а потоа ќе направите мал отвор со што ќе може прецизно да ги исцртате колачињата.

Откако ќе ги украсите, оставете ги колачињата да се исушат преку ноќ и утредента префрлете ги во метална кутија за да ја задржите нивната свежина.

Добар апетит!

Божиќни колачи