Времетраење:
- Подготовка: 10 минути
- Готвење: 15 минути
Состојки за 2 чаши:
- 1 стапче цимет
- 300гр бел шеќер
- 250мл ладна вода
- 1/4 лажичка цимет во прав
- 1/4 лажиче ѓумбир во прав
- 1/4 лажичка морско оревче
- 2 лажици од испечена тиква
- 300мл млеко
- 150мл кафе
- Шлаг (по избор)
Начин на подготовка:
- Подгответе го сирупот истурајќи го шеќерот во вода и ставете го на тивко вриење. Откако ќе се стопи шеќерот додадете стапчиња цимет, зачини и печената тиква, продолжувајќи да мешате на тивок оган 5 минути.
- Тргнете го од оган и истурете во херметички затворена стаклена тегла, оставете да се олади во фрижидер или користете ја веднаш.
- Загрејте го млекото со тоа што ќе го доведете скоро до точка на вриење.
- Истурете 2 лажици сируп од тиква во секоја голема чаша.
- Истурете топло кафе и млеко, а потоа измешајте ја смесата со блендер додека не стане пенлива.
- Додадете шлаг, сервирајте и уживајте!