Овој едноставен чиа пудинг се подготвува со бадемово млеко, семе од чиа и засладувач по избор. Претставува здрава закуска богата со протеини, здрави масти, антиоксиданси и растителни влакна!
Како да направите чиа пудинг
Започнете со две чаши бадемово млеко (или кое било млеко што го сакате), малку чиа семе и мед (или кој било друг засладувач по ваш избор). Засладувачот може да го изоставите при мешањетоа на чиа семето со бадемовото млеко доколку сакате да го засладите само со додатоци како свежо овошје, суво овошје или чоколадни трошки.
Соодносот на состојките е навистина битен за да ја добиете посакуваната густина. Најдобро е 1 супена лажица семе од чиа на 1/4 чаша млеко. Можете да експериментирате со мерењата за да ја пронајдете конзистентноста што најмногу ви се допаѓа.
Кога е време да се мешаат чиа семето и млекото, препорачуваме да мешате се додека смесата не се изедначи. Потоа почекајте неколку минути за да се сталожи пудингот и повторно измешајте го. Ова ќе ви помогне пудингот да не се одделува во фрижидерот.
Проверете дали сите грутки се измазнети и потоа можете да го додадете медот и да го измешате или да го оставите на врвот - по ваш избор.
На крај, затворете ги теглите, ставете ги во фрижидер најмалку 2 часа за да ја добијат посакуваната текстура, и можете да ги чувате најмногу до 7 дена. Семињата ќе го апсорбираат целото млеко и засладувачот и тогаш ќе бидат подготвени за јадење. Кога се мешаат со течност, семињата нараснуваат и стануваат како пудинг, но со многу повеќе хранливи бенефити како зголемување на енергијата, помагаат при варењето на храната и стабилизирање на шеќерот во крвта.
Сервирајте во соодветни чаши за пудинг со сезонско овошје. Ние користевме боровница, јагоди и банана. По желба можете да изрендате и малку чоколадо.
Гответе со љубов и уживајте во храната!
Зошто е здрав чиа пудингот?
Кога станува збор за здрава ужина, треба да го имаме на ум следново:
- Да е богата со растителни влакна - добро за контрола на шеќерот во крвта, нивото на холестерол и здравјето на цревата
- Да е богата со протеини - добро за градење на чиста мускулна маса
- Да содржи здрави масти - помага да се чувствувате заситени
Ова е во суштина она што ќе ги задоволи вашите желби за меѓуоброци и ќе го намали вашиот апетит до следниот оброк. Една од најдобрите закуски што ги исполнува овие цели е пудинг од чиа - околу 2 лажици семе од чиа (што е само 130 калории) содржи:
- Влакна: 11 грама
- Протеини: 4 грама
- Масти: 9 грама (од кои 5 се омега-3 масни киселини)