Полесно отколку што изгледа: Тирамису по италијански рецепт

Недела, 10 Јануари 2021 10:00

Познатиот деликатес со потекло од Италија, Тирамису, ги обединува на едно место оние вкусови што сите многу ги сакаме.

Кремаст, вкусен и со богат вкус на кафе, овој десерт е одлично уживање за сите кои сакаат да си удоволуваат себеси. Според оригиналниот рецепт, потребно е карактеристично италијанско сирење маскарпоне за да се направи оваа торта. Покрај него, суштината на тортата се состои од пишкоти и неизбежното инстант кафе. Но, овој пат, можете да го замените италијанското сирење со домашна варијанта и само следете ја постапката како да ги засладите сетилата во рекордно брзо време.

Тирамису

Состојки:

  • 400 гр сирење по ваш избор (што послично со текстурата на маскарпоне сирење)
  • 2 кутии пишкоти (ако не сакате пишкоти, може и плазма бисквити)
  • 5 лажици шеќер во прав
  • 1 жолчка од јајце
  • 500 мл слатка павлака
  • инстант кафе
  • какао во прав за декорација
Тирамису

Подготовка:

Со миксер изматете ги жолчките, шеќерот во прав и сирењето по ваш избор. Слатката павлака изматете ја одделно (внимавајте да не претерате бидејќи може да се врати во течна состојба). Во претходно формираната мешавина додадете ја изматената слатка павлака. Направете малку посилно инстант кафе. Доколку планирате десертот да го сервирате и на деца, можете да го замените кафето во рецептот, со какао или чоколадно млеко. Доколку пак, десертот го подготвувате само за возрасни, тогаш кон кафето можете да додадете и 1-2 супени лажици рум или коњак или ликер по ваш вкус. Натопете ги бисквитите од двете страни и редете ги една до друга во подлабок сад.

ТирамисуТирамису

Кога ќе го наредите дното на плехот, прелијте со комбинираната смеса.

Тирамису

Додадете уште еден ред натопени бисквити одозгора, прелијте со преостанатата смеса и оставете во фрижидер на ладно да отстои најмалку 8 часа или најдобро да отстои до следниот ден.

ТирамисуТирамису

Се сече на коцки и се служи. Посипете со какао во прав пред сервирање.

Тирамису

Добар апетит и забавно готвење!