Еден од најпознатите актери на овие региони, Милош Биковиќ кој е познат по својата улога на Тирке во „Монтевидео, Бог те видео“, е миленик на милиони жени во Србија, Русија но и пошироко. Во моментов е актуелен со улогата на Петар Мараш во хит серијата „Јужен ветер“, а активен е и на социјалните медиуми каде постојано се обраќа на својот мајчин јазик, српски, но и на руски за да можат поголем број од следбениците да го разберат.
View this post on Instagram
Овој пат тој воодушеви многумина со својата објава на брз и лесен рецепт за подготовка на оброк во експресно кратко време. Триесетдвегодишниот драмски уметник моментално снима филм и серија “Кошара“, а во меѓувреме покажува како знае да ги изненади пријателите кога сака да подготви нешто вкусно. Овој пат тој се одлучи за печени пилешки крилца во сос од мед и сенф. Постапката е брза и лесна, и ниедна комбинација не е толку вкусна како пилешко со сенф, особено подготвена од шармантниот Милош.
Пријатен ручек - добар апетит!