Можни последици од прекумерната употреба на магнезиум

Среда, 13 Јануари 2021 10:00

Што се случува ако внесете премногу магнезиум во организмот?

Магнезиум

Како и со сите нешта во животот, треба да бидете умерени кога конзумирате додатоци во исхраната, бидејќи можете да направите повеќе штета отколку добро. Вишокот магнезиум првенствено се елиминира преку бубрезите. Прекумерното внесување на магнезиум хлорид може да предизвика бројни несакани ефекти покрај неизбежната дијареја.

„Вообичаена практика е продажбата на магнезиумот да се води како додаток во исхраната. Магнезиум хлорид (MgCl2) е само еден облик на магнезиум што може да се користи во храната, вклучително и како додаток во исхраната. Прекумерното внесување магнезиум може да има несакани ефекти врз здравјето“, стои во соопштението на Националниот институт за јавно здравје.

Кои се несаканите ефекти?

Не се говори многу за несаканите ефекти од прекумерната употреба на магнезиум, па затоа е важно да се знае дека покрај дијарејата, може да се појават и посериозни проблеми.

Како што е објаснето, може да дојде до:

  • изнемоштеност
  • повраќање
  • губење на апетит
  • мускулна слабост
  • отежнато дишење
  • срцева аритмија

Може ли да се внесе премногу магнезиум преку храната?

Не се забележани несакани ефекти при консумирање храна што содржи поголеми количини на магнезиум, „бидејќи магнезиумот е во врзана форма и само делумно се апсорбира во цревата“. Треба да се биде внимателен кога се внесува во организмот како суплемент заедно со други лекови.

„Истовремената употреба на додатоци на магнезиум и одредени лекови треба да се следи или да се избегнува секогаш кога е можно. Првенствено се мисли на лекови кои го намалуваат излачувањето на магнезиум во урината и диуретиците, бидејќи на тој начин можат да ја зголемат количината на магнезиум во крвта“, објаснуваат лекарите.

Која е препорачаната вредност за внес на магнезиум?

Горната граница за внесување магнезиум за здрави возрасни лица во храната не е поставена, велат од институтот, бидејќи возрасните вишокот магнезиум го лачат во урината. Сепак, Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) постави граница од 250 мг магнезиум дневна доза без забележани несакани ефекти. Ова ограничување се однесува на суплементите што се користат како додатоци во исхраната.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Понеделник - 10:10 - Се сакате двајцата