Костенот лекува дури 13 болести: Како да ги подготвите и исчистите најлесно?

Понеделник, 30 Ноември 2020 16:15

Есента е тука, а со тоа и сезоната на костени. Костените ги обожаваме во сите форми, печени, варени, како пире, па дури и како десерт. Но, ништо не може да го замени опојниот мирис на печени костени, кои секогаш нè мамат со нивниот мирис на улиците.

Костени

Подготвувањето костени не е тешка постапка. Можете сами да подготвите вкусни костени во вашата рерна. Не ви треба посебен сад, т.е. тепсија со дупки, бидејќи можете да користите стара, голема тепсија.

За почеток, потребни ви се свежи костени и остар нож. Кога купувате костени, треба да знаете дека тие треба да бидат сјајни и цврсти на допир, без дупчиња на лушпата, а кога ќе ги земете во рака, нивната маса мора да биде соодветна на величината, и никако не смеат да имаат шуплив звук кога ќе ги протресете. Немојте да ризикувате со тапи ножеви и да си ги исечете прстите. За потсекување на костените користете назабен нож за сечење леб, а секој костен засечете го само еднаш по должината, на позаоблениот дел од овошјето, се додека лушпата убаво не се отвори. Потоа префрлете ги расечените костени во тенџере за готвење, додадете малку вода и сол. Ставете ги на оган додека не зоврие водата. Потоа префрлете ги во плех и ставете ги во претходно загреана рерна на 220 степени.

Костени

Печете ги костените 15 до 20 минути, додека добијат светло кафеава боја и се отвори кората. Покријте ги печените костени со крпа да отстојат десетина минути за полесно да се лупат.

Костени

Варените костени чувајте ги во фрижидер до три дена, а печените слободно можете да ги чувате во чинија на собна температура, но само прекриени за да не се сушат.

Костени

Без оглед на високата калориска вредност (100 грама печени костени имаат 245 калории), за разлика од другите јаткасти плодови, како што се оревите, бадемите и лешниците, имаат помал процент на маснотии.

Уживајте во костените и не заборавајте дека костените се многу здрави, бидејќи содржат многу витамини А и Ц и повеќето витамини од комплексот Б. Покрај тоа, богати се со калциум, железо и фосфор, кои му се потребни и корисни на нашето тело. Имаат и противвоспалителни својства, и се идеални за луѓето кои боледуваат од артритис и реума.

Како да испечете костени во рерна:

Како да испечете костени во тава:

Како да направите костени во фолија со арома:

Брзинска подготовка во микробранова печка:

Лесно лупење печени костени:

Лесно лупење варени костени:

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 12:12 - Постојано си му во мислите