Римскиот филозоф Сенека го споменува карамелот уште 65 години пред Исус, споменувајќи го неповторливото уживање кое го добиваме при конзумирање на овој десерт. Станува збор за богат, сладок прелив од карамел (dulce de leche) што може да се направи во последен момент, како одличен топинг за пита со јаболка, палачинки, сладолед, браунис, колачиња, торти и сè друго што би сакале да засладите. Иако во маркетите и специјализираните продавници можe да се најде купечки, сепак не постои подобар вкус од домашно подготвениот карамел. За тоа се потребни само 5 минути.
Потребни состојки:
- 1 чаша кафеав шеќер
- ½ чаша путер
- ¼ чаша млеко
- 1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
- Ставете го кафеавот шеќер, путерот и млекото во сад, на тивок оган, полека да зовријат.
- Варете додека не се згусне смесата, или 1 до 2 минути. Внимавајте да не загори!
- Тргнете го садот од топлината.
- Додадете го екстрактот од ванила, добро промешајте и оставeте да се излади и згусне.
Преливот е готов, и добиената течна форма може да ја ставите во ладилник за поцврста структура. Од добиената смеса со помош на калапчиња во замрзнувач може да направите и домашни бомбони - карамели кои ќе бидат омилен десерт за најмладите.