Коцките за супа се едни од главните состојки на многу јадења.
Вреди да одвоите малку време и да ги направите коцките дома. Само така можеме да бидеме сигурни дека тие ќе бидат здрави и полни со ароми.
Потребни состојки:
- 2 лажици масло
- 1 главица лук
- 2 лаворови листа
- 5 суви печурки
- 2 кругови кромид
- 2 стебленца целер
- ¼ главица целер
- 3 моркови
- 1 китка магдонос
- 100 гр морска сол
- 2 лажици црвен пипер
- 1 лажица куркума
- 1 лажица оригано
- 1 лажица мајчина душица
- 1 лажица благ буковец
- ½ лажица лут буковец
- 2 чаши вода
- 2 лажици доматно пире
- 2 лажици темен соја сос
- 2 лажици магдонос
- 50 гр сув квасец
Начин на подготовка:
- Во тава загрејте го маслото. Ситно исечкајте го кромидот на коцки и пропржете го.
- Додадете црвен пипер, лaворов лист, лук и исечканите печурки.
- По некое време, додајте ги исечканите стебленца од целер и добро промешајте.
- Исечкајте го коренот од целер, морковот и магдоносот на ситно и додајте ги во тавата. Пржете околу 10 минути со мешање.
- Додадете ги сите останати зачини, промешајте и додадете две чаши вода. Гответе 10 минути.
- Додајте го доматното пире, соја сосот, магдоносот и сувиот квасец. Извадете ги лаворовите лисја од садот. Добиената смеса истурете ја во калапи за мраз и чувајте ги во замрзнувач.