Една до две шолји кафе на ден се смета за прифатлива дневна опција. Меѓутоа, ако бројот на валкани шолји за кафе во вашата кујна надминува четири на ден, веројатно понекогаш се прашувате - дали можеби претерувате со кафето. Како може да знаете со сигурност? Овој магичен црн пијалок ни овозможува да се разбудиме и да останеме на нозе поголемиот дел од денот. Сепак, според најновите истражувања, лесно можете да утврдите сами дали работите излегле од контрола.
Интересен е фактот дека луѓето кои пијат многу кафе во текот на денот можат да намирисаат кафе на голема далечина. Уште повеќе, тие го препознаваат мирисот и вкусот на кофеин во другите работи што ги консумираат. Желбата за кафе ги наведува лесно да го препознаат околу нив. За жал, луѓето кои се зависни од опијати ги имаат истите способности, па затоа е важно да ги препознаете следните симптоми:
Потење
Кафето може да ви даде повеќе енергија, а ако претерате, таа енергија ќе се манифестира во форма на пот. Кофеинот е стимуланс кој ги забрзува функциите на вашиот нервен систем, пулсот и крвниот притисок.
Палпитации
Луѓето кои внесуваат премногу кофеин можат да доживеат нарушувања на срцевиот ритам. Забрзано чукање на срцето и неурамнотежен ритам се она што можете да го доживеете и што ви испраќа јасна порака дека толкава количина кофеин не е пријатна за вашиот најважен орган.
Мачнина
Чувството на мачнина и гадење е многу честа појава кога ќе се предозирате со кафе. Може да ви се случи истото чувство на мачнина и кога ќе се обидете да ја намалите количината на кафе на дневно ниво. Оваа двојна непријатност е резултат на киселината создадена од вашиот желудник со цел да се избори со кофеинот кој до него стигнува секојдневно.
Анксиозност
Кофеинот ослободува адреналин во вашето тело, предизвикувајќи состојба на „бори се или бегај” од реалноста, што многу лесно може да ве доведе до работ. Како резултат, се јавува вознемиреност, односно необјаснив немир што не успевате свесно да го надминете.