Грчка кујна: Локумадес крофнички по традиционален рецепт

Среда, 24 Март 2021 21:00

Многу риба, морски плодови, суфлаки, фета сирење, грчка пита и многу слатки десерти ја карактеризираат грчката кујна.

Локумадес со мед се грчката верзија на крофни. Веднаш по пржењето, традиционалните крофни се натопуваат во ароматичен топол мед или чоколадо и се украсуваат со цимет и ореви или печени сусами. Може да се сервираат и со сладолед.

Денес ќе ви го откриеме традиционалниот рецепт за популарните грчки крофнички – Локумадес. Не треба да чекате лето за да се засладите со овој десерт.

Локумадес

За тесто:

• 240 мл млако млеко
• 240 мл млака вода
• 15 гр сув квасец
• 450 гр брашно
• 2 лажици шеќер
• 1/2 лажичка сол
• 4 лажици маслиново масло
• масло за пржење (може да користите сончогледово масло)

За сируп:

• 2 чаши шеќер
• 1 чаша вода
• половина лимон
• 2 чаши мед
• цимет во прав
• ситно сецкани ореви по желба

За чоколаден прелив:

• 200 гр чоколадо за готвење
• 110 мл вода
• 75 гр шеќер во прав

Локумадес

Подготовка:

1. Во поголема чинија додадете вода и квасец. Мешајте со вилушка и почекајте 5 минути додека квасецот не се раствори целосно. Во истиот сад додадете ги преостанатите состојки за тестото. Мешајте со миксер за тесто со поголема брзина, околу 2 минути, додека смесата не стане мазна (може да ја мешате и рачно со жица за тесто). Покријте го садот со фолија и оставете го тестото да стои на топло место најмалку еден час додека не нарасне.

2. За пржење на крофните, додадете малку масло (за пржење) во тава со средна големина со подебело дно. Загрејте го маслото. Осигурете се дека маслото е доволно топло ставајќи парче тесто во него.

3. Со мала лажичка ќе вадите топчиња од тестото и ќе ги ставате во врелото масло да се пржат додека крофните не добијат златно жолта боја. Секој пат пред да го вадите тестото, навлажнете ја лажичката со вода за да не се залепи тестото.

4. При пржењето вртете ги крофничките за сите страни да добијат златна боја. Наредете ги крофните во сад на кој сте ставиле хартиена крпа за да го впие маслото.

5. Локумадесите потопете ги во разладен сируп, кој ќе го направите така што во длабоко тенџере, на среден оган, ќе растопите шеќер и мед во водата. За тоа ќе ви требаат 15-20 минути.

5. Кога ќе завршите, ставете ги крофните во голема чинија, прелијте ги со топол мед и посипете ги со цимет и ореви.

6. Ако сè уште сте расположени за чоколадо, можете да ги декорирате локумадесите со чоколаден прелив. За негова подготовка, истурете ги шеќерот и водата во садот за готвење и мешајте постојано на ниска температура 1-2 минути, додека шеќерот не се растопи целосно. Додадете го исецканото чоколадо и продолжете со мешање додека не се стопи чоколадото и смесата не се соедини.

7. Прелијте ги крофните со топло чоколадо, посипете мелени ореви или бадеми и уживајте во вкусот!

Локумадес

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 08:08 - Другар му ќе ти се пушта