Без него тешко е да се замисли појадок или празнична трпеза.
Домашниот мајонез успешно ќе го замени оној од полицата во продавницата - не само што е повкусен, туку е и без конзерванси и вештачки материи. Како сами да направите мајонез?
Ова е еден од оние рецепти кои им успеваат на сите од првиот пат.

Cостојки:
- 2 жолчки
- 200 мл сончогледово масло
- половина лажичка сол
- лажичка сок од лимон (или вински оцет)
- 1/3 лажица шеќер
- 2 лажици лут сенф
- бибер по вкус
За да може домашниот мајонез добро да се измати, сите состојки треба да бидат на собна температура, а јајцата да бидат колку што е можно посвежи.
Во блендер ставете жолчки од јајца, сол, сенф и сок од лимон - и измешајте сè добро постепено зголемувајќи ја брзината. Додадете малку масло на смесата. Додека мешате, смесата треба малку да се згусне. Мешајте додека мајонезот не го „апсорбира“ целото масло и добие хомогена, кремаста конзистентност. Или подолго - ако сакате да биде погуст. Готов е кога ќе го свртите садот наопаку и ништо нема да се истури.
Ставете го готовиот мајонез во тегла или сад и ставете го во фрижидер. Не заборавајте да го јадете прилично брзо, бидејќи домашниот мајонез без конзерванси се расипува побрзо од оној од продавницата.
Добар апетит!