Смудињата за појадок се лесен начин да уживате во здрав појадок во брзите и напорни утра. Овие здрави смудиња се богати со влакна и протеин за да ви дадат енергија во текот на целиот ден.
Може да пиете смуди додека се подготвувате за на работа или ги подготвувате децата за на училиште.
Повеќето од овие рецепти се погодни за деца. Тоа е лесен начин тие да внесат многу овошје и/или зеленчук на почетокот на денот. Многу од рецептите имаат и овес, што ги прави вистински заситувачки.
Подготвивме рецепти за смуди за секое време од годината, од рецепти за здраво овошно смуди, до смуди од есенска тиква и зелено смуди за цела година.
Одлични предлози за здрави смуди состојки:
- Свежо или замрзнато овошје: Може да користите комбинација на замрзнато и свежо овошје во вашето смуди. Замрзнатото овошје помага да добиете густо и кремасто смуди. Можете да замрзнете зрели банани, излупени и исечени на помали парчиња, така што тие секогаш ќе бидат подготвени за додавање во вашето смуди.
- Зеленчук: Зеленчуците се енергетски машини и нивното инкорпорирање во утринското смуди е одличен начин да го започнете денот на здрав начин. Спанаќот, кељот и другите зеленила добро се мешаат во смуди. Можете да додадете замрзнат карфиол, а вкусот нема ни да му го осетете. Обидете се да додадете и моркови на утринското смуди за здрава доза на сладост.
- Авокадо: Дали некогаш сте пробале смуди со авокадо? Авокадото додава здрави масти во смудито, а кога ќе се изблендира е навистина мазно и кремасто.
- Овес: Можете да додадете суров овес, без притоа да го зготвите. Без разлика дали е во зрна или е смелен, тој многу лесно се блендира и нема никаков вкус, едноставно му дава густина на смутито, а вас максимално ве заситува.
- Јогурт: Освен ако не сакате смуди без млечни производи, обичен јогурт е одличен начин да додадете протеини во вашето смути.
- Путери од јаткасти плодови: Додадете лажичка путер од бадеми или путер од кикирики на вашето смуди. Овие путери обезбедуваат здрави масти и протеини.
- Семиња: Семето од лен, семето од чиа и семето од коноп додаваат влакна и го прават вашето смуди навистина хранливо и нутритивно.
- Течни состојки: Треба да додадете течна состојка на вашето смуди за да помогне добро да се изблендира. Постојат многу опции, од обична вода до вода од кокос, млеко, бадемово млеко или млеко на база на ореви, кокосово млеко, овесно млеко и сок.
- Појачајте го вкусот: Мала лажичка цимет, рогач или неколку капки екстракт од ванила навистина можат да го појачаат вкусот на смудито.
Овес, боровинки и јогурт
Јаболко, цимет, овес и бадемово млеко
Тиква, овес, цимет, лен и путер од бадеми
Банана, круша и спанаќ
Малина, чија семе, кокосово млеко и овес