Домашен сладок леб со јаболка и цимет – главен хит оваа есен

Петок, 06 Ноември 2020 10:00

Есента е идеално време за вкусни десерти со јаболка, а ние денес ви презентираме токму еден таков. Исполнете ги со прекрасен мирис на јаболка и цимет дождливите денови. Рецептот е многу едноставен, исто како и потребните состојки за него.

Домашен сладок леб со јаболка и цимет

Топинг:

  • 3 лажици бел шеќер
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 1 чаша брашно (100 гр.)
  • 2 лажици овес
  • 1 лажичка цимет
  • ¼ лажичка сол
  • ¼ чаша несолен путер (70 гр.), растопен
Леб со јаболка и цимет

Тесто:

  • 3 чаши брашно (300 гр.)
  • 2 ½ лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички цимет
  • ½ чаша несолен путер (110 гр.), растопен
  • 1 ½ чаши шеќер (150 гр)
  • 2 големи јајца
  • 1 чаша млеко (240 ml)
  • 1 ½ лажички екстракт од ванила
  • 100 g јаболки, излупени и исецкани
Леб со јаболка и цимет

Глазура:

  • 1 чаша шеќер во прав (120 гр.)
  • 1 лажица млеко
  • 1 лажица јаворов сируп или мед
  • ½ лажичка цимет
Леб со јаболка и цимет

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Направете го топингот од трошки: Во средна чинија, измешајте го белиот шеќер, кафеавиот шеќер, брашното, овесот, циметот  и солта додека не се соединат. Истурете го стопениот путер и мешајте додека не се соедини со конзистентност на влажен песок. Ставете ги `трошките` на страна.
  3. Направете го `лебот` од јаболко: Во голема чинија измешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и циметот.
  4. Во средна чинија изматете ги белиот шеќер и стопениот путер додека не се соединат добро. Потоа, изматете ги јајцата, млекото и ванилата додека не се изедначат.
  5. Додадете ја смесата со влажни состојки во сувите состојки и мешајте додека не се соединат. Не мешајте премногу. Додадете ги парчињата јаболко додека не се соединат во смесата.
  6. Истурете го тестото во долгнавеста тава за леб која е обложена со хартија за печење, измазнувајќи го горниот дел. Посипете ги трошките над тестото, лесно притискајќи го надолу.
  7. Печете 65-75 минути или додека чепкалка за заби вметната во центарот на лебот не излезе чиста. Оставете го лебот целосно да се излади во тавата, а потоа со помош на хартијата за печење повлечете нагоре за да го извадите.
  8. Додека лебот се лади, направете ја глазурата: Во мал сад изматете ги шеќерот во прав, млекото и јаворовиот сируп додека не се изедначат. Може да користите и мед, но да биде течен, чуван на собна температура.
  9. Намачкајте ја глазурата на лебот, а потоа посипете со цимет. Оставете ја глазурата да се зацврсти, а потоа исечете го лебот на 6-8 парчиња.
  10. Уживајте!