Beergarita: Популарниот коктел Маргарита комбиниран со пиво за врвно задоволство

Четврток, 26 Ноември 2020 20:15

Вистинските љубители на пивото ретко се склони да експериментираат. Кога ќе го пронајдат своето омилено пиво, тие обично му се верни на проверениот вкус и не отстапуваат многу од сигурниот избор. Сепак, понекогаш се појавува нешто, што ја скокотка имагинацијата. Нешто што ве тера да размислите - дали пропуштам нешто навистина добро? Ако некој ви спомне пивска маргарита, веројатно ќе помислите дека нема смисла бидејќи овие два пијалаци се две крајности. Женски и елегантен пијалок како што е маргаритата е всушност совршен додаток на машкото стандардно пиво. Но, за да не ве држиме повеќе во неизвесност, доколку сте подготвени да пробате нешто ново, неодоливо и навистина волшебно, ви предлагаме пивска маргарита. Маргаритата е коктел кој дозволува експериментирање.

Beergarita

Состојки (за една личност):

  • 2 лажици агаве сируп
  • 1/2 чаша сок од лимета
  • 45 мл текила
  • пиво по желба 250 мл
  • лимета за украсување

Подготовка:

Во шејкер за коктели, комбинирајте сок од лимета, сируп од агавe, текила и пар коцки мраз. Протресете добро и истурете во висока чаша за сервирање. Истурете го пивото, украсете со лимета резанки и уживајте!

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 10:10 - Телефонски разговор