Природно белење на забите дома што вреди да се испроба

Среда, 21 Октомври 2020 10:00

Постојат голем број производи на пазарот кога станува збор за белење на забите. Сепак, повеќето производи за белење содржат хемикалии што оправдано загрижува многу луѓе. Ако сакате побели заби, но исто така сакате да ги избегнете хемикалиите, ние ви нудиме повеќе начини како тоа да го направите по природен пат.

Кокосово масло

Кокосово масло

Употребата на кокосово масло е традиционален индиски народен лек наменет за подобрување на оралната хигиена и отстранување на токсините од телото. Овој метод се користи за да се отстранат бактериите, кои можат да се претворат во наслаги и со тоа забите да добијат жолтеникава нијанса.

Кокосовото масло е популарен избор бидејќи има пријатен вкус и нуди многу здравствени придобивки. Тоа е исто така богато со лауринска киселина, која е позната по својата способност да го намали воспалението и ги убива бактериите. Streptococcus mutans е еден од примарните типови на бактерии во устата кои предизвикуваат наслаги и гингивитис.

Ставете 1 лажица кокосово масло во устата и повлечете го маслото низ забите. Кокосовото масло е цврсто на собна температура, па можеби ќе треба да почекате неколку секунди да се стопи. Продолжете 15-20 минути. За разлика од многу други методи на белење на заби, кокосовото масло не ги изложува забите на киселина или други состојки што ги еродираат забите. Ова значи дека е безбедно да се практикува дури и секојдневно.

Четкајте со сода бикарбона

Сода бикарбона

Сода бикарбоната има природни својства за белење, па затоа е популарна состојка во пастата за заби. Тоа е благ абразив што може да помогне да ги исчистите дамките од површината на забите. Дополнително, сода бикарбоната создава алкална средина во вашата уста, што спречува бактериите да растат. Ова не е лек што ќе ги избели забите преку ноќ, но треба да забележите разлика во изгледот на забите со тек на време.

За да го користите овој лек, измешајте 1 лажичка сода бикарбона со 2 лажички вода и измијте ги забите. Можете да го правите ова неколку пати неделно.

Хидроген

Хидроген пероксид

Хидроген или водород пероксид е природно средство за белење кое исто така ги убива бактериите во вашата уста. Всушност, луѓето со години користеле водород пероксид за дезинфекција на раните поради неговата способност да убива бактерии. Многу комерцијални производи за белење содржат водород пероксид, иако во многу поголема концентрација отколку што ќе користите. Едно истражување открило дека паста за заби што содржи сода бикарбона и 1% водород пероксид доведува до значително побели заби.

Додека силно разредените концентрации изгледаат безбедни, силните концентрации или прекумерната употреба може да предизвикаат иритација на непцата и чувствителност на забите.

Еден начин да се користи хидроген пероксид е преку миење на устата пред да ги миете забите. Бидете сигурни дека користите раствор од 1,5% или 3% за да избегнете несакани ефекти. Најчеста концентрација на хидроген пероксид во аптека е 3% раствор. Оваа концентрација лесно можете да ја разредете на 1,5% со мешање на еднакви делови хидроген пероксид и вода.

Друг начин да се користи хидроген пероксид е мешање со сода бикарбона за да се направи паста за заби. Комбинирајте 2 лажички хидроген пероксид со 1 лажичка сода бикарбона и нежно измијте ги забите со смесата.

Ограничете ја употребата на оваа домашна паста на еднаш неделно, бидејќи прекумерната употреба може да ја уништи глеѓта на забите.

Јадете овошје и зеленчук

Здрави намирници

Исхраната богата со овошје и зеленчук освен за вашето тело може да биде добра и за забите. Иако не се замена за нивно четкање, сепак овошјето и зеленчукот може да ви помогнат при отстранување на наслагите. Јагодите и ананасот се две овошја за кои се тврди дека помагаат во избелување на забите.

Јагоди

Белењето на забите со мешавина од јагоди и сода е природен лек. Застапниците на овој метод тврдат дека киселината што се наоѓа во јагодите ќе ја отстрани жолтата боја на забите, додека сода бикарбоната ќе ги отстрани дамките.

Иако јагодите можат да помогнат во ексфолијација на забите и да направат да изгледаат побели, тешко дека ќе навлезат во дамките на забите.

Ако одлучите да го пробате овој метод, ограничете ја неговата употреба на неколку пати неделно. 

За да го користите овој лек, пресечете свежа јагода, комбинирајте ја со сода бикарбона и измијте ги забите со смесата. Од нив можете да си правите овошна паста со која ќе ги триете забите наутро и навечер.

Ананас

Некои тврдат дека ананасот може да ги избели забите. Една студија открила дека пастата за заби што содржи бромелаин, ензим кој се наоѓа во ананасот, е значително поефикасен во отстранувањето на дамките од забот отколку обичната паста за заби. Иако вашите заби природно пожолтуваат како што стареете, постојат начини кои можат да помогнат да се спречат дамките на забите пред да се појават.

Ограничете го внесот на храна и пијалоци кои ги бојадисуваат забите

Кафето, црвеното вино, сокот и темните бобинки најлесно ги обојуваат забите. Тоа не значи дека треба целосно да ги избегнувате, но треба да го ограничите времето во кое овие супстанции се во контакт со вашите заби. Ако е можно, пијалоците за кои се знае дека ги обојуваат забите пијте ги од сламка за да спречите директен контакт со забите. Покрај тоа, мијте ги забите веднаш откако ќе консумирате некоја од овие намирници или пијалоци за да ги ограничите нивните ефекти врз бојата на забите. Дополнително, избегнувајте пушење и џвакање тутун, бидејќи предизвикауваат промена на бојата на забот.

Ограничете го внесот на шеќер

Ако сакате побели заби, намалете го внесот на шеќер. Исхрана богата со шеќер го поддржува растот на Streptococcus mutans, примарен вид на бактерии кои предизвикуваат наслаги и гингивитис. Кога консумирате храна со шеќер, не заборавајте да ги измиете забите.

Внесувајте калциум во вашата исхрана

Храна богата со калциум, како што се млеко, сирење и брокула, може да помогне во заштитата на забите од ерозија на нивната надворешна обвивка.

Не ја потценувајте вредноста на четкањето и забниот конец

Забен конец

Додека некои промени на бојата на забите природно доаѓаат со возраста, тоа во голема мера е резултат на таложење на наслаги. Редовното четкање и употребата на забен конец може да им помогне на забите да останат бели со намалување на бактериите во устата и спречување на таложењето на наслагите. Пастата за заби нежно ги чисти дамките од забите, а конецот ги отстранува бактериите помеѓу забите. Редовното чистење на забите помага тие да останат чисти, бели и здрави.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 20:20 - Остави го нека пат