Менструални чашки и сѐ што треба да знаете за нив

Среда, 30 Септември 2020 09:00

Иако веќе со години се присутни насекаде низ целиот свет, менструалните чашки сѐ уште не се толку популарни на Балканот, но во последно време постојат сѐ повеќе и повеќе позитивни информации и искуства за овој производ кој денес може да се купи или порача во скоро сите аптеки. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за менструалните чашки ви ги носиме одговорите на најчесто поставуваните прашања.

менструална чашка

Што е менструална чашка?

Менструалната чашка е вид на производ за женска хигиена што може да се користи повеќекратно. Тоа е мала, флексибилна чашка во форма на инка, изработена од гума или силикон, која ги заменива тампоните и влошките. Чашката можат да соберат повеќе крв отколку другите методи, што наведува многу жени да ги користат како еколошка алтернатива. Во зависност од протокот, може да се носи и до 12 часа.

Доаѓа во 2 величини – за жени кои немаат родено и/или имаат под 30 години и оние кои имаат родено и/или се постари од 30 години.

Како се употребува?

Пред сѐ, доколку сте заинтересирани да користите менструална чашка, разговарајте со вашиот гинеколог.

За да ја дознаете вистинската големина која ви е потребна, вие и вашиот лекар треба да разговарате за следново:

  • Вашата возраст
  • Должина на грлото на матката
  • Дали имате обилен проток
  • Цврстина и флексибилност на чашката
  • Капацитет на чашката
  • Јачина на мускулите на карлицата
  • Дали претходно сте се породиле вагинално

За да ја вметнете менструалната чашка ја притискате со прстите, се свиткува на пола и се вметнува во вагината. Кога ќе ја пуштите, таа се шири и се прицврстува за вагиналниот ѕид за да ја собира менструалната крв. Ако е исправно ставена, чашката нема да пропушта крв, а нема ни непријатен мирис. Кога чашката ќе се наполни испразнете ја директно во веце школката, измијте ја со топла вода и вратете ја на истиот начин.

Менструална чашка

Лесни чекори за користење на менструалната чашка:

  • Темелно измијте ги рацете.
  • Нанесете вода или лубрикант на база на вода на работ на чашката.
  • Цврсто преклопете ја менструалната чашка на половина, држејќи ја во едната рака со работ свртен нагоре.
  • Вметнете ја како што би направиле со тампон. Треба да седне неколку сантиметри под грлото на матката.
  • Штом чашката е во вагината, ротирајте ја. 
  • Се отвора и го спречува протокот.

Откако ќе го совладате нејзиното ставање, не би требало ни да ја осеќате. Таа не предизвикува никакви иритации, нити пак смета во движење, а може да се носи и за време на сите физички активности, па дури и при пливање и јога.

Колку често треба да ја празните чашката?

Честотата зависи од големината на чашката (како што спомнавме, доаѓа во 2 големини) и јачината на менструалното крварење. Чашката може да прими скоро 3 пати повеќе крв од тампонот што значи дека во текот на обилно крварење треба да ја празните на секои 5-8 часа, а во поблагиот дел од циклусот најмногу до 12 часа.

menstrual cup

За да ја извадите менструалната чашка, само следете ги овие чекори:

  • Темелно измијте ги рацете.
  • Ставете ги показалецот и палецот во вагината. Повлечете го стеблото на чашата нежно додека не стигнете до основата.
  • Полека повлечете ја надолу за да ја отстраните чашката.
  • Откако ќе излезе, испразнете ја чашката во тоалет.

Менструалните чашки кои може да се користат повеќепати, треба да се измијат и да се исчистат пред да се користат повторно. Тие се издржливи и можат да траат од 6 месеци до 10 години со соодветна грижа. Фрлете ги чашките за еднократна употреба по отстранувањето.

Кои се предностите на менструалната чашка?

Искуствата на жените горе-долу се позитивни. Иако менструалните чашки не се многу застапени на Балканот, оние жени што ги користат се толку задоволни што никогаш не би користеле ни влошки ни тампони.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 20:20 - Остави го нека пат