Дезинфекција на мобилниот телефон - уште една превентивна мерка

Петок, 09 Октомври 2020 10:00

Телефонот е нешто што го користиме и го носиме со нас речиси цело време во текот на денот, па затоа, за време на пандемијата, неопходна е правилна и редовна дезинфекција на мобилните телефони.

Дезинфекција

Тоалети, држачи во автобуси - бактериите ги има насекаде. Областите кои ги допираат илјадници луѓе секој ден можат брзо да предизвикаат инфекција или бактерии. Пренесувањето на бактериите е особено опасно во сегашната глобална пандемија. Но, поголемиот дел од времето забораваме на она што ни треба секој ден - мобилниот телефон. Го носиме во нашите раце поголем дел од денот, го ставаме на различни површини и ретко ќе се сетиме добро да го исчистиме. Па, сега е време да ве запознаеме со неколку едноставни совети за одржување на чист телефон.

Користете крпа од микрофибер и марамици за дезинфекција

Бидејќи вирусот корона на површините трае неколку дена, мора да се исчисти со средство за дезинфекција. Некои компании обезбедија дури и нови упатства за чистење на мобилните уреди. За чистење и дезинфекција користиме крпа од микрофибер и крпа за дезинфекција, која мора да содржи 70% алкохол. Секако, се грижиме да исчистиме само непробојните површини и да избегнеме какви било делови што можат да бидат оштетени.

Телефонот не го носиме со нас во бањата

Кога сме во тоалет, разгледуваме на Инстаграм, се допишуваме преку социјалните мрежи или играме игри на нашиот телефон. Во бањата има многу бактерии кои можат да слетаат на површината на телефонот, а потоа можете да ги понесете со вас.

Да престанеме да го споделуваме телефонот

Исто како што допираме кваки и држачи, така се однесуваме и со телефонот. Преносот на бактерии и патогени микроорганизми кај луѓето е совршен. Следниот пат кога ќе наидете на интересна фотографија или смешно видео, немојте да изумите да не го давате телефонот во други раце.

Ги миеме рацете

Сигурно сите ја слушнавме оваа фраза безброј пати во последните неколку месеци. Но, тоа е наједноставната и најефикасната мерка за заштита на бактериите од околината. Да не заборавиме, сепак, миењето со вода и сапун или дезинфекција со средство за дезинфекција што содржи 70% алкохол е најефикасно.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 20:20 - Остави го нека пат