Над 70 проценти од луѓето се тушираат еднаш дневно, а некои се тушираат на секои два дена. Различното време на туширање има различни ефекти. Дали можеби години наназад се туширате во погрешно време од денот? Ако вашата рутина е утрински туш, слушнете што велат експертите на оваа тема. Утринската рутина на туширање пред одење на работа е карактеристична за многумина од нас. Овој начин на будење ви помага да се расоните, освежите и истовремено да се загреете во постудените денови. Но, дали е добро за вас? Генерално, туширањето се смета за поздраво од бањање, бидејки не се седи во вода полна со мртви клетки и нечистотии.
Вечерниот туш ќе ви помогне побрзо да заспиете
Според најновите истражувања, туширање со млака вода десетина минути, два часа пред спиење, во голема мера го подобрува квалитетот на вашиот сон, а истовремено ви овозможува полесно да заспиете. Со миење на целата нечистотија и маснотии, исто така, го елиминирате чувството на напнатост, вознемиреност, стрес и немир што може да бидат причина за лишување од сон. Со топла вода му сигнализирате на вашето тело да започне со лачење на мелатонин, хормон кој го поттикнува сонот, заедно со сигнали дека е време да се опуштите и заспиете.
Вашата постелнина ќе биде чиста ако се туширате пред спиење
Кога би можеле да видите под микроскоп колку бактерии и микроби се врзуваат за вашата облека и тело секојдневно, веројатно би го минувале под туш цел ден. Значи, вечерниот туш, покрај менталната сигнализација што ја праќа на умот дека е време за одмор, има и здравствени придобивки. Со одмивањето прашина, полен, траги од дезодоранси, парфеми, себум и мртви клетки кои се таложат на кожата, дневни креми и сите други видови козметика и нечистотии, вие всушност спречувате раст на бактерии во вашиот кревет.
Туширањето навечер е подобро за вашата кожа и здравје
Влажната кожа е почувствителна и затоа е подложна на надворешни влијанија. Дури и ако ставите дневен крем или крема за сончање кога ќе се истуширате наутро, постои поголема шанса да се иритира нејзиниот заштитен слој отколку ако се истуширавте претходната вечер. Освен тоа, тушот во ноќните саати го намалува крвниот притисок и го намалува стресот.