Spin Bike FIT - Агресивен фитнес за поголеми резултати со Олена Шеремет

Вторник, 07 Јули 2020 15:30

Возењето статичен велосипед како средство за одржување кондиција станува популарно кратко откако е измислен класичниот велосипед, веќе во втората половина на 19 век. Стотина години подоцна фитнес тренерот Џони Голдберг доаѓа на идеја за возење во затворен простор, па така го отвора првиот велосипедски центар 1980-та година во Лос Анџелес. 

Статичен велосипед

Спин бајк фит е микс на возење точак со гимнастика. Брзото возење статичен велосипед овозможува согорување 500-700 калории за 45 минути, што е многу повеќе споредбено со сите други видови тренинзи во тој временски период. Големи се предностите на возењето статичен велосипед, како независноста од временските услови, потоа можноста за гледање ТВ или слушање музика додека вежбате, па се до полесна и непречена интеракција со вашиот фитнес партнер или тренер. 

Статичен велосипед

Нашата неделна фитнес инспирација за понеделничка мотивација - бидејќи секоја промена започнува од понеделник, е Олена Шеремет. Оваа Украинка не вели дека е едноставно и лесно водењето на здрав и активен живот. Секој треба да биде активен барем по 30 минути 5 дена во неделата. Олена се издвојува по тоа што класичниот статичен велосипед го употребува во разни варијанти, освен неговата основна намена. Бидејќи се разликуваат од стандардните тренинзи, нејзините часови се секогаш полни со инспирирани девојки. Доколку ви е потребна мотивација погледнете ги видеата на кои Олена ги покажува нејзините способности за сите фитнес фанатици, а за сите други доволна инспирација да се обидете да постигнете барем мал процент од она што го може таа. 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Olena Sheremet (@olena.sheremet) on

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Olena Sheremet (@olena.sheremet) on