Совети за вежбање дома и постигнување на максимални резултати

Понеделник, 28 Септември 2020 19:20

За време на карантинот што сега на наша среќа е зад нас, вежбањето дома се појави како единствена опција што можеше да ни помогне да го зајакнеме нашето тело, како и нашиот ум. Иако сега имаме можност да вежбаме во различни варијанти, односно на во теретани, вежбањето во удобноста на вашиот дом е сепак одлична опција која носи многу придобивки, но и препреки што треба вешто да се надминат.

Вежбањето дома има многу предности, но крие и мали препреки кои на крајот можат да не спречат да го постигнеме посакуваниот резултат. Една од првите препреки е дефинитивно времето, или распоредот. Кога да вежбаме дома и кога ќе започнеме зависи целосно од нас, па за затоа треба да направите добар распоред каков што би имале и во теретана. Така ќе немате потешкотии да го прескокнете тренингот или да го одложите за неколку часа подоцна или на крајот да се префрлите на утре. Следното што го предлагаме е да не го „туркате“ вашиот тренинг во краток временски период што не е доволно за добро загревање или истегнување, бидејќи иако вежбате дома, не значи дека ви треба помалку време отколку во теретана.

Опремата е исто така многу важен фактор и бидејќи претпоставуваме дека ви требаат само неколку тегови, набавете го токму тоа во специјализирани продавници. Ако користите друг вид тежина, многу брзо ќе наидете на непријатни ситуации што ќе ве демотивираат или ќе ве натераат да прескокнете одредени вежби само затоа што немате соодветни реквизити. Ова ја вклучува и облеката, па затоа не заборавајте да избегнувате пижами.

На крајот, откако ќе направите распоред и купите сè што ви треба, следниот чекор е да ја изберете вистинската програма што одговара на вашата физичка подготвеност и сила, како и крајната цел. Подолу издвоивме една одлична програма на познатата Клои Тинг, до која можете да пристапите само на неколку кликања, па затоа ви предлагаме да проверите за што станува збор што е можно побрзо.

Најчитани

Соновник

Најчест сон за вчера беше: Мртовец

Цагери

Следен цагер

Цагери Четврток - 16:16 - Наскоро ќе ти прати порака