Се уште е неизвесен годинешниот летен одмор, но тоа нема да не сопре да бидеме подготвени за плажа доколку ни се укаже прилика. Во тоа ќе ни помогне познатиот 34 годишен фитнес модел Chloe Ting. Таа инспирира многумина ширум светот со своите здрави навики на исхрана и вежбање. Со своите 155cm е вистински идол на многумина девојки кои посакуваат да имаат тело како нејзиното.
За затегнато тело и совршен изглед потребна е дисциплина. Тоа значи од моментот кога ќе одлучите дека сакате вашето тело да го доведете во совршена форма, мора да се придржувате до одредени правила. Клои има свој милионски посетен YouTube канал каде нуди совети и програми за вежбање кои ќе ви помогнат во тоа. Тоа не е секогаш лесно, но сетете се на мотивот кој ќе ви помогне да се постигне целта. Значи, дисциплината се однесува на исхраната и вежбањето. Потребно е да го смените начинот на живот. Клои е целосно насочена кон спортот и здравиот начин на живот, што ја прават совршено обликувана од надвор и силна одвнатре.
Клои има и своја онлајн продавница каде се нудат планери за вежбање и фитнес опрема. Исто така, на Инстаграм брои милиони следбеници со кои секојдневно споделува совети за правилна исхрана и правилно вежбање.