Оскаровката Хали Бери веќе со децении важи за една од најпосакуваните жени на светот. Холивудската ѕвезда има 54 години, а на нејзината фигура можат да и позавидат многу млади девојки. Телото го негува од најмладите денови кога учествувала на бројни избори за убавина, но и покрај тоа редовно посветено се подготвува за улогите напорно вежбајќи и внимавајќи на исхраната со месеци пред да почне да снима. Таа никогаш не ги крие годините, напротив, секогаш ги нагласува, како и тоа дека никогаш во животот нема направено пластична операција или некој сличен третман.
View this post on Instagram
Зад нејзиниот скоро совршен изглед стојат напорни тренинзи и специјален начин на исхрана, кои ги споделува преку нејзиниот блог hallewood.com, каде открива дека и во 50-тите години можете да бидете супер згодни и фит со едноставни вежби и здрава исхрана.
View this post on Instagram
Иако многумина ќе кажат дека тоа е генетика, популарната холивудска актерка открива дел од нејзиниот фитнес режим на својот Инстаграм профил, постира фотографии и совети, скоро како да е фитнес блогерка. Oткрива колку напорно работи за да ја одржи својата фигура и секој петок под ознаката #FitnessFriday објавува некоја вежба и совети за исхрана.
View this post on Instagram
Хали има дијабетис тип 2 заради кој дисциплирано го следи менито препорачано од Харли Пастернак, фокусирајќи се на внесот на изобилство од протеини, намирници богати со влакна (преку зеленчук) и здрави масти. Истовремено практикува секојдневен тренинг со инструкторот Питер Ли Томас со кој Хали вежба пет пати неделно.
„Отсекогаш наоѓав мир, лекување и удобност преку медитација и вежбање“, вели Хали.
View this post on Instagram
Повеќе од 20 години, секое утро, оваа жена одделува 10 минути од своето време и се посветува на медитација. Таа длабоко верува дека медитацијата има моќ да лекува и дека е важна за наоѓање мир во тешки моменти. Благодарение на медитацијата, Хали наоѓа мир и смиреност за почеток на денот.
Актерката потенцира дека и е важно тие десет минути да ги има само за себе, кога собира енергија и ги кристализира своите мисли, особено сега кога има деца. Поради немирите и стравовите што нè снајдоа, лесно е да се изгуби фокусот, а на децата им се потребни стабилни и смирени родители. Кога сте исплашени, истакнува Хали, вашите деца го апсорбираат стравот како сунѓер. Кога ќе го наполните своето битие со мир и станете избалансирани, вашите деца ќе бидат помирни и нема да чувствуваат страв.
View this post on Instagram
Хали верува во моќта на мислата и верува дека тие ја обликуваат нашата реалност. Таа исто така искрено верува дека медитацијата може да им помогне на луѓето да ја променат колективната енергија на светот и да ја трансформираат реалноста во попозитивна насока. Сигурно би помислиле дека такво нешто бара големо предзнаење, искуство и многу одвоено време, но всушност вистината е сосема спротивна. Секоја минута медитација е драгоцена, а медитацијата е всушност многу едноставна.
Чекори кои ги практикува Хали:
- Пронајдете мирно и тивко место во домот или градината. Седнете со прекрстени нозе, со исправен грб и опуштени раце.
- Затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето. Не менувајте ништо во процесот. Ако се појави мисла, не грижете се за тоа. Само фокусирајте се на дишењето. Нека мислата оди по свој пат.
- По околу 5 минути, започнете да размислувате за намерата за медитација. Фокусирајте се на грижите и проблемите што ве вознемируваат, како и на промените во вашиот живот. Што можете да направите во врска со тие работи?
- Преостанатото време се користи за прифаќање на одговорите на оние прашања што доаѓаат природно. Посветете им онолку време колку што сметате дека е потребно.
Конечно, отворете ги очите и прифатете ги новите знаења и новиот ден. Медитацијата ви дава можност да се поврзете со себе. Тоа е пред се моќно оружје затоа што верни на себе, во таа оригинална форма имате моќ да направите нешто корисно за себе и за вашето семејство.