Претежно студеното време го користиме како изговор за да вежбаме на затворено или воопшто да не вежбаме.
Сепак, новите истражувања покажуваат дека вежбањето во текот на зимската сезона е многу корисно затоа што телото согорува повеќе калории отколку во другите сезони. Студијата испитуваше луѓе кои вежбаат надвор. Се испостави дека оние луѓе кои оделе брзо, трчале, џогирале или правеле било какви други вежби на отворено, согорувале 34% повеќе калории отколку оние кои тоа го правеле дома, во теретана или надвор за време на потоплиот период.
За да може телото да биде топло и загреано, мора да потроши повеќе енергија од вообичаеното. Студот ве тера побрзо да се движите. Дополнителна студија откри и интересен факт: жените кои учествувале во истражувањето и вежбале надвор во текот на зимата, изгубиле повеќе маснотии, а добиле зголемена мускулна маса. Ова го објаснува Кара Окобок, антрополог која учествувала во истражувањето: „Жените можат да издржат повеќе, но и да ја искористат зимата повеќекратно отколку мажите, бидејќи тие обично имаат повеќе телесни масти, кои телото може да ги користи како ‘гориво’ за загревање“.
Мислиме дека е време да се раздвижиме и да започнеме со тренинзи надвор. За вежбање во зимски услови, најважно е да сте лесно, но слоевито облечени. Телото се поти додека сме активни, но штом застанеме брзо се лади. Не заборавајте да инвестирате во добар пар ракавици и тренерка!