Ако не сте сигурни како да ја постигнете посакуваната форма на вашето тело, Daniela Suarez има неколку совети за вас. Има учествувано на фитнес турнири и натпревари, па преку лични искуства, ги посочува и советува сите жени кои сакаат да вежбаат и здраво да се хранат со цел да ја постигнат својата идеална фигура. Мисијата на Даниела е да ги инспирира жените кон достигнување на нивната врвна самодоверба.
,,Вие сте способни да постигнете повеќе отколку што мислите. Фитнесот го гледам како метафора за животот. Искрено верувам дека ви покажува колку е неопходна дисциплината и посветеноста за да добиете резултати. Тоа ве учи колку е значајна упорноста за да постигнете определена цел. Брзо може да сфатите дека сите овие лекции можат да се применат во животот, што значи дека совладувањето на овој аспект, би можело да донесе успех и на други области од вашиот живот’’, вели таа.
Можете да постигнете големи резултати со само неколку минутно, но секојдневно вежбање во вашиот дом, битна е мотивацијата и упорноста. Пробајте да вежбате со Даниела за да ја добиете посакуваната фигура на вашето тело што поскоро. Најважно од сѐ е да се забавувате додека го правите ова, и да останете доследни за да можете да ги подобрите и видите резултатите.
Освен вежби, на својот Инстаграм профил споделува рецепти и начин на подготовка на одредени јадења што сама ги подготвува, кои се брзи и лесни и можат да ви помогнат додатно во вашиот пат кон целта. Понекогаш снима вежби и со својот партнер, па исто така можат да побараат инспирација и оние кои вежбаат во пар.