Врската помеѓу редовните аеробни вежби, подоброто функционирање на мозокот и побавното когнитивно опаѓање како што старееме е добро утврдена. Но, како еден кардио тренинг влијае на вниманието, концентрацијата, учењето и мемориските функции од час во час додека функционираме во нашиот секојдневен живот?
Многу студии укажуваат на фактот дека вашето размислување и работата на мозокот се најдобри веднаш по завршувањето на некоја умерена физичка активност. Бидејќи вежбањето помага да размислувате подобро, вашата секојдневна рутина треба да се состои од добро испланирано време каде менталниот напор ќе го ставите веднаш по физичкиот напор доколку сакате да видите максимални придобивки и резултати од самите себе.
Ако вашиот мозок го замислите како сијалица, тој станува засилен со мега-напон веднаш по утринскиот тренинг. Тогаш сте полни со инспирација и желба за совладување дури и на најтешките обврски кои ви претстојат во текот на денот.
Едно неодамнешно истражување за ефектите од еден тренинг врз меморијата и способноста да восприемаме повеќе информации, заклучува дека кардио тренинзите од дваесет минути до еден час со умерен до висок интензитет ги подобриле вниманието, концентрацијата, учењето и мемориските функции на испитаниците до два часа. Ова истражување на над десетина различни испитаници, исто така, покажува дека кардио вежбите ја подобруваат способноста за учење и складирање меморија кога се изведуваат пред и во тесен временски простор со активност како учењето. Докторите и научниците кои ги спроведувале овие истражувања, всушност ги сумирале своите наоди во четири збора: „Вежбањето ве прави паметни!“.
Биле направени 13 студии базирани на овие истражувања кои опфатиле млади и возрасни лица (од 18 до 35 години) кои учествувале во 20 до 60 минути умерено до енергично одење, трчање или велосипедизам, пред да извршат когнитивни тестови што мерат внимание, концентрација, работна меморија, краткорочна меморија, долгорочна меморија, вербална флуентност или можност за планирање и решавање на проблеми.
По деталната анализа на сите податоци од секоја студија, крајниот заклучок до кој дошле докторите и научниците е:
"Ова истражување сугерира дека аеробните, физички вежби, проследени со краток период на закрепнување пред да се впуштат во некоја ментална вежба, ги подобрува функциите како внимание, концентрација, учење и меморија кај младите и возрасните. Резултатите од овој наод може да имаат важни импликации поврзани со образованието и потребата за физичка активност.“