Лесни третмани за поткожни влакна кои можете да ги направите сами дома

Понеделник, 28 Септември 2020 14:30

Без разлика дали се појавуваат како испакнатини на вашите нозе или предизвикуваат хаос на вашата бикини линија, поткожните влакна се непожелен гостин што може да предизвикат сериозна непријатност, воспаление, па дури и лузни.

Причината за поткожните влакна не е комплицирана. Едноставно кажано, кога влакното ќе почне да расте, понекогаш се витка навнатре и се заглавува под површината на кожата. Ова се случува затоа што мртвите клетки на кожата го заглавуваат фоликулот на влакното, па се создаваат воспалени испакнатини кои се навистина непријатни. Но, тие исто така постојат и поради природниот раст на вашата коса  т.е. оние со кадрава коса може да страдаат најмногу од поткожни влакна затоа што по природа тие се виткаат уште од коренот.

Сепак постојат едноставни третмани кои навистина помагаат во бробата против поткожните влакна. Продолжете да читате за да дознаете како со само неколку едноставни чекори можете конечно да го решите овој проблем.

Третман со аспирин и мед

Овој рецепт има двојно дејство. Аспиринот не само што содржи салицилна киселина, туку и медот има антибактериски својства, што помагаат во намалување на можноста за воспаление и инфекција. Што значи, во комбинација дефинитивно ќе помогнат да се избегне инфекцијата и да се намали отокот при нанесување на вашата кожа. Еве како да го направите третманот:

Состојки

  • 3 таблети аспирин
  • 1 лажиче мед
  • 1/2 до 1 лажиче вода или масло

Начин на подготовка

  1. Во сад додадете топла вода или масло
  2. Додадете мед
  3. Здроби ги таблетите аспирин
  4. Измешајте 
  5. Нанесете ја и оставете ја маската да делува 10 минути
  6. Избришете целосно со топла вода

Пилинг со шеќер и масло од кокос

Можете да користите пилинг или други благи гранулирани состојки (како морска сол или гранулиран шеќер) и да го измешате со носач (како авокадо или масло од кокос - нешто што нема веднаш да ги раствори гранулите) и да направите каков било домашен пилиндер. Оваа комбинација на состојки ги одржува фоликулите чисти и нежно ги масира враснатите влакна пред тие да се воспалат.

Кокосовото масло е хидрантно, ја одржува кожата навлажнета и го намалува воспалението. Може да го користите овој пилинг дневно сè додека не видите подобрување, а потоа можете да преминете на два до три пати неделно. Само бидете внимателни со притисокот кој го употребеувате за време на нанесување на пилингот, не треба да биде премногу абразивен. Се прави на следниот начин:

Состојки

  • 1 чаша шеќер
  • 1/2 чаша кокосово масло
  • 10тина капки од есенцијално масло по избор

Начин на подготовка

  1. Комбинирајте ги шеќерот и кокосовото масло во сад
  2. Додадете од есенцијално масло
  3. Измешајте заедно
  4. Нанесете, а потоа исплакнете со топла вода
  5. Исушете нежно со чиста крпа

Третман со сода бикарбона и овес

Една одлична комбинација - сода бикарбона, која е одличен пилинг, помага да се намалат и спречат враснатите влакна и овесот кој има благотворно дејство, намалувајќи го црвенилото и иритацијата на кожата. Еве како да го направите овој третман:

Состојки

  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 чаша вода
  • 1 лажица мелен овес

Начин на подготовка

  • Измешајте ги сода бикарбоната и овесот заедно
  • Во садот додадете вода
  • Мешајте додека не добие текстура слична на паста
  • Користејќи памукче, извадете ја смесата
  • Нанесете ја на потребната област и оставете 10 минути
  • Исплакнете со топла вода

Третман со црн чај

Познато е дека чајот има многу природни лековити својства, а црниот чај содржи антиинфламаторни својства за смирување на кожата и намалување на црвенилото. Исто така, содржи антиоксиданти како кофеин, кој освен што е дел од нашата утринска рутина, има и големи придобивки против стареењето и превенција од акни. Кофеинот е исто така антиинфламаторен и затоа е клучна придобивка во борбата против враснати влакна.

Состојки

  • 1 кесичка црн чај
  • Топла вода

Начин на подготовка

  1. Загрејте ја водата
  2. Ставете ја кесичката чај
  3. Нанесете со кесичката чај на потребната област
  4. Нека отстои две до три минути

Третман со сода бикарбона и алое вера

Алое верата како природен проивод во себе содржи салицилна киселина. Познато е дека помага во спречување на инфекции, намалување на бактериите, помага при правилно обновување на кожата и спречува блокирање на фоликулите на косата.

Салицилната киселина е една од ретките киселини кои можат да патуваат во пората, работејќи длабоко во епидермисот за да ги исчистат порите. Поседува антиинфламаторни и антибактериски својства кои се две клучни компоненти во борбата против вродените влакна.

Состојки

  • 2 лажици алое вера
  • 1 лажица сода бикарбона

Начин на подготовка

  1. Комбинирајте алое вера и сода бикарбона
  2. Нека отстојат две до три минути
  3. Нанесете на кожата 
  4. Измијте со ладна вода
  5. Остатокот чувајте го во тегла за да го користите подоцна
  6. Чувајте го во фрижидер

Додека антиинфламаторните третмани како пилинзи и серуми можат да помогнат да се намали воспалението откако ќе се појават враснатите влакна, не заборавајте на важноста за лекување и превенирање на нивната основна причина. Најдобар метод е нежна дневна ексфолијација и навлажнување на кожата. Користете ги овие третмани за да направите пилинг, да го спречите растот на поткожните влакна и да ја смирите иритираната кожа.