Се подготвувате за зимата? Сите сакаме подготвени да го дочекаме студеното време, што значи е вистинско време за обновување на гардероберот со нов капут. И, секако, сите сакаме парче гардероба што не е само практично – туку и стилско.
Предлог за оваа зимска сезона, кој полека но сигурно станува хит, е овој ултра мек и топол капут. Не можете да не се чувствувате удобно кога носите нешто вакво. Направен е од трендовски материјал од вештачко крзно, кој во последно време доминира на Инстаграм.
Со оглед на тоа што сме сведоци на навистина голема палета на бои кај овие и слични зимски капути - црвена, маслинесто зелена, светло розева, црна, кафеава, сива, карамела, светло жолта или темно сина, искрено, сите овие избори се специфични - тешко е да се одлучиме само за една боја.
Во зависност од тоа дали сакате да бидете смели со изборот на боја кога станува збор за вашата гардероба, или пак сакате да се држите до неутрални, земјени тонови, веруваме дека за секој има по некоја нијанса, а материјалот е тој што го прави овој капут навистина неверојатен. Ова се само дел од нашите предлози, изборот останува на вас.