Сончевите денови најавуваат се потопло време и топло лето, па сигурно се подготвувате за претстојните летни денови. Високите температури се како создадени за некој убав фустан, кој е идеален за кафе муабет со пријателите или пак за ноќните забави. Ова се жешки летни фустани, на кои тешко ќе им одолеете оваа сезона.
Ако барате смели парчиња облека, благодарение на кои ќе ја истакнете вашата сензуалност, вие сте на вистинското место. Шик фустаните што ви ги презентираме ќе го разубават вашиот изглед и ќе ве натераат навистина да зрачите на секој чекор.
Секси и едноставни мини фустани
Модата на 90-тите години е тука за да остане. Нагласено секси фустани ја превземаа оваа сезона и ќе бидете повеќе од забележувани и запомнети во нив. Бидејќи, да бидеме искрени, крајно време е да го истакнете своето тело. Високите потпетици секогаш се добредојдени во оваа комбинација, ако сакате уште поинтензивен впечаток, додека поскромните варијанти вклучуваат присуство на сандали, па дури и патики.
Миди фустани со цветен принт
Апсолутен хит ова лето! Миди фустани со цветен принт прошетаа по модните писти и ги оставија сите без здив. Тие се вистинско летно освежување, кое доаѓа за нас во вистинско време. Ќе ги обожавате токму затоа што се повеќе наменски. Создадени се за дневни градски варијанти и вечерни прошетки покрај морето. Миди фустан со цветни принтови и црвена роза е наш омилен, а вашата инспирација можете да ја најдете во нашата галерија.