Кјара Ферањи е една од најпознатите и најплатените модни блогерки на денешницата. Популарната модна блогерка, позната по својот беспрекорен кежуал стил, повторно докажа зошто се вбројува меѓу најдобро облечените блогерки ширум светот, дури и во несекојдневни услови. Блогерите денес се голем дел од бизнис светот, а Кјара тврди дека има место за сите кои сакаат да се докажат и дека се се сведува на изборот и вкусот на публиката. Неприкосновена кралица на социјалните мрежи, овојпат го привлече вниманието на своите 20 милиони следбеници на Инстаграм кои ги повика да не го потценуваат проблемот со корона вирусот.
„Ние во Италија направивме голема грешка, како и сите на почетокот, мислевме дека станува збор за обичен грип, но научивме се на потежок начин. Нашите болници се на колена бидејќи преголем број луѓе бараат медицинска помош. Ве молам, да бидеме единствени во борбата против корона вирусот и да не праќаме погрешни пораки“, изјавила таа и додала:
„Од големиот глас доаѓа и голема одговорност. Се обидувам да помогнам на својата земја, бидејќи сметам дека тоа е моја одговорност. Ве молам и вие тоа да го напраите“, напишала Кјара на својот Инстаграм профил.
Италијанката секојдневно објавува снимки во кои ги повикува да се придржуваат кон мерките за претпазливост и сите надвор од Италија ги предупреди сериозно да го сфатат коронавирусот. За време на пандемијата на коронавирусот се повлече, не излегуваше често од својот луксузен дом и сите обврски ги одложи до неодреден период, додека не помине кризата. Таа е непресушна инспирација за модни комбинации, па нормално е да се запрашаме како изгледа нејзиниот стил после карантинот...