Хајли потекнува од славно холивудско семејство, па изборот да се занимава со моделство не изненади многумина. Нејзиниот живот беше познат во очите на јавноста долго пред да стане сопруга на Џастин Бибер, но оттогаш се чини сите очи се вперени во секој нејзин чекор, а особено очите на модните критичари кои неуспешно се трудат да најдат маана на нејзиниот стил. Природната убавина ја надополнува со секогаш модерен шик изглед, и секогаш внимателно одбрани модни парчиња. Ги обожува oversize палтата, и успешно ги комбинира во сите модни стилови. Колку и да е во тек со актуелните модни случувања, останува доследна и секогаш препознатлива, па затоа е омилена на модните магазини и сите во модниот свет. Неброено многу пати била заштитно лице на познати брендови, безброј насловни страни на најпрестижните магазини, и уште толку ревии на најуспешните модни компании. Ви претставуваме неколку нејзини изданија, па пресудете сами.