Уште од самиот старт помладата кралска двојка, Меган и Хари, беа мета на безброј новинарски артикли кои главно ги полнеа страниците на таблоидите во трач рубриките. Колку и да се новинарите немилосрдни кон нив од разни причини, за едно нешто никогаш не би можеле да им замерат, а тоа е стилот. Тие се секогаш облечени соодветно и меѓусебно искоординирано. Во Британија дури и ги нарекуваат новите Бекам и Викторија, кои важат за неприкосновени модни икони и долги години го држат модниот пиедестал. Како и дали ќе ја задржат оваа репутација и сега кога веќе не се дел од кралското семејство останува да видиме, а до тогаш да се присетиме на дел од многуте блескави стилски моменти.