Празничен тренд: Веѓи како новогодишни елки

Вторник, 22 Декември 2020 20:00

Празничната сезона пристигна, а со неа расте и празничното расположение кај луѓето. Секој на свој начин ги одбележува празниците, повеќемина ги украсуваат своите домови, се поставува Божиќно дрво кое се кити со сијалички, се прават празнични колачи, се редат подароци под елката итн.

Меѓутоа креативноста на некои луѓе оди чекор понатаму, па тие решија да се украсат самите себе. По социјалните мрежи е распростанет тренд на украсување на веѓите како новогодишни елки. Најчесто тоа го постигнуваат со сенки за очи во разни бои, светкави детали, монистра и сл. 

Најголем период од најубавиот период во годината овој пат го минуваме дома, па доколку имате повеќе слободно време, а не сакате да ве одмине празничната магија, можете да ја разбудите креативноста во себе, и да ги разубавите вашите веѓи во новогодишен стил. Ние ви нудиме повеќе предлог идеи, и постапки како да го изведете тоа. 

Веѓи како новогодишни елки

Погледнете како тоа го изведува Тејлор од Хонг Конг:

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Taylor R (@taytay_xx)