Родената њујорчанка Mara Hoffman, во модниот свет позната како најголема обожавателка на бои, ја следи препознатливата естетика на својот бренд во најмодерните, артистични парчиња за сезоната.
Mara обожува да ги комбинира сите свежи и интензивни бои што ги носи летото во пруги, необични графички принтови, колор-блок варијанти и разиграни шари во боја исполнети со креативност.
Таа летото го сака во боја, ја истакнува величината на вистинската страст и го бои светот. Нејзин печат се шарени принтови, графички елементи и впечатливи бои. Игра со бои кои варираат од монохроматски до такви со разнобојни графички принтови. Препознатлива е по магичниот спој на бои и шари, украсувањето и атрактивните цветни принтови.
Оваа колекција полна страст со цветна енергија дарува нов живот на цветовите, а посилна од нас е желбата барем едно парче од оваа почитувана дизајнерка да се најде во нашиот гардеробер.
Макси фустани
Овој тип фустани идеално се вклопуваат со топлото време затоа што се отворени странично и оздола каде има циркулација на воздух. Максимално се удобни, не се тешки за комбинирање, и прилегаат на секаков тип и градба на тело. Освен чувството на комфор и леснотија кои го пружаат, тие се модерни и погодни за разни варијанти. Може да се носат на работа, за пијалак со пријателите или во ноќна прошетка. Макси фустаните се апсолутен синоним на летото и нема ниту една причина поради која не би ги сакале.
Панталони и комбинезони
Последните неколку години вратија голем дел од модата во стилот на 70-тите и 90-тите, кои во диско и бохо-форма беа актуелни во 70-тите, додека џинс-варијантата беше неминовен тренд пред две декади. Изминативе неколку сезони комбинезоните добија повеќе верзии, па така се комбинираат со патики, еспадрили, платформа, интересни сандали, со кломпи и влечки на потпетица, зависно од приликата. Соодветни се за врелиот градски асфалт, како и за мирниот викенд на море. Впечатлив е лесниот крој со широки ногавици кои нудат широк спектар на опции за комбинирање, зависно дали сакате да го нагласите струкот со ремен како избор за деловен изглед, или можеби со лесна наметка за летна вечерна забава.