Без разлика дали припаѓате на групата која ги обожува, или на оноа која никогаш не би ни помислила да ги облече, новиот моден хит, „грдите“ сандали едноставно се ултимативен хит ова лето.
Изгледаат несекојдневно, скапи се и некако… грдички! А сепак, целиот Инстаграм е преплавен со блогерки и инфлуенсерки кои гордо позираат во овие неверојатно удобни „чевли на тато“.
Можат да се комбинираат со разни стилски правци, и секогаш одаваат впечаток на самоуверена и смела личност.