Додека светот се движи според новите мерки за претпазливост, сите погледи се насочени кон италијанската модна престолнина, каде се дефинира новата сезона на пролет/лето 2021. И додека Миланската модна недела се одржува со намален капацитет од вообичаениот, сепак ни дава еден карактеристичен шик-изглед на уличната мода благодарение на враќањето на физичките модни ревии. Модните уредници веќе ги составуваат своите списоци со желби откако беа сведоци и на овогодинешниот моден спектакл.
Со заштитни маски за лице и мерки за социјално дистанцирање, стилот на уличната мода ни презентираше топли есенски бои, кожа во сите нејзини форми и впечатливи бои кои го подигнуваат расположението.
Пробавме да ги издвоиме најдобрите улични стилови од модната недела во Милано, со мноштво комбинации за задоволување сечиј вкус.