Париз е познат центар на модата во светот. Најуспешните модни приказни се родени тука. Мислиме на Диор, мислиме на Шанел, мислиме на Лобутин. Едноставно, нераскинлива е врската меѓу градот и модата. Парижаните се добро познати по својата едноставност, акцентирана со негуван изглед. Лесно ќе ги препознаете локалците, и оние кои сакаат да личат на нив. Мажите се ненаметливи, а впечатливи. Модерни, а препознатливи. Едноставни, а неодливи. Тоа го може само Париз. Дозволете да ве шармира парискиот шмек.